00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Пресметка На Плата - HR


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Пресметка На Плата ги содржи сите пропратни елементи потребни за работење, исто така, овозможува поврзаност со МПИН и врши автоматско финансово раскнижување.



    Програмот Пресметка на Плата работи и ги користи сите податоци (број на бодови, вредност на бод, по ек. Единици, отсуства, боледувања,..., и сите потребни елементи) за кои се пресметуваат сите давачки, даноци и бруто плата.

    Со пресметката на плата автоматски се прави годишен картон и М4 - образец. Програмот за Пресметка на Плата е автоматски поврзан со контролата во PIOM и ги дава сите релевантни податоци.

    Персонална евиденција како дел од програмот за пресметка на плата е наменета за евиденција на човечките ресурси (вработените), и ги содржи сите пропратни извештаи и функции кои се потребни за несметано работење. Програмот овозможува и годишни извештаи кои се доставуваат на крајот на Фискалната година во УЈП заради нивна евиденција и се задолжителни за секој субјект. Се поднесуваат во тврда (хартија) и медиумска (дискета) форма. Не поднесување на истите повлекува прекрсоцни пријави. Се прават извештаите ГИ, ПДД-ГИ, ПДД-ГДП... Исто така програмот пресметка на плата содржи и пресметка на камати. Пресметката на камати работи на принципот на комформна метода и истата може да се изработува во две апликации. Едната работи со законски затезни камати, а другата со камати за кои се договараат заинтересираните страни.

    ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
    1. Пресметка На Плата
    Евиденција на промени за вработен (бодови - коефициенти, сектор, работна единица, одделение, минат труд, синдикат, осигурување...), Вредност на бод по фирма, сектор, работна единица, одделение, Проценти на придонеси
    Пресметка на плата со можност за : давање на стимулација - казна во проценти, награди – додаток во паричен износ со можност да самите си дефинирате разни додатоци, разни одбитоци во паричен износ со можност да самите си дефинирате разни одбитоци , минат труд, хранарина и превоз, синдикат во проценти или износ, осигурување, кредити и други административни задршки со можност автоматски да се преземат од модулот за кредити итн.
    Префрлање на податоци во текстуален документ кој потоа го презема програмот од управа за јавни приходи МПИН
    Платен список, Платни ливчиња, Рекапитулар за цела фирма или само за инвалиди или само за одреден сектор или работна единица или пак одделение, Рекапитулар за бруто плата, Рекапитулар за часови, Извештај за вработен, Извештај за лица на кои треба да им се смени процентот за минат труд за одреден месец и година со можност за автоматска промена на податоците за вработениот,
    Детален извештај за вработени за одреден период ( од година и месец до година и месец ) за месечни износи на : нето плата, одбитоци, осигурување, кредити, синдикат, ефективна плата, бруто плата, персонален данок, придонес за ПИОМ, придонес за здравство, придонес за вработување и придонес за дополнително здравство, со можност за префрлање на податоците во EXCEL, PDF, TXT ….
    Збирен извештај за вработени за одреден период ( од година и месец до година и месец )за кумулативни износи на : нето плата, одбитоци, осигурување, кредити, синдикат, ефективна плата, бруто плата, персонален данок, придонес за ПИОМ, придонес за здравство, придонес за вработување и придонес за дополнително здравство, со можност за префрлање на податоците во EXCEL, PDF, TXT ….
    Додатоци без придонеси ( теренски додатоци, дневници, примени аванси,...) со можност за внесување во денари и друга валута како и соодветни извештаи
    Евиденција на договорени износи
    Извештај за разлика меѓу договорени и исплатени износи секој вработен посебно како и за надворешни лица ако ги имало.


    2. Персонална Евиденција
    Лица, Евиденција на вработени, Евиденција на стаж, Стручна спрема, Образование, Работни места , Картица за лице


    3. Годишни Одмори
    Евиденција на годишни одмори, Решенија за годишни одмори, Извештаи за искористеност на годишни одмори


    4. Кредити
    Евиденција на кредити (денарски и девизни) и префрлање во плата, Извештаи за кредити


    5. ПДД-ГИ
    Автоматско преземање на податоците од плата, Додавање на податоци за ПДД-ГИ по други основи, Печатење листа за Управа за Јавни приходи, Префрлање на податоците во текстуален документ во формат од Управа за Јавни приходи за пренос на податоците на дискета ...
    Печатење на потврди за вработените
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Бланк Софтвер
  • профил на компанијата

    Бланк Софтвер

    • Опис на компанијата:Бланк e компанија која врши изработка и одржување на апликативен софтвер како и имплементација на истиот. Покрај софтверот што е веќе готов (комплетни решенија за комерцијална-финансиска евиденција, поединечни, мрежни и поврзани меѓу себе - по желба на корисникот), правиме и софтвер по порачка спрема потребите на нарачателот. Во функција на подршка на инсталираниот апликативен софтвер се и нашите договори за одржување на истиот по истекот на гаранцискиот рок. Вршиме комплетен компјутерски инженеринг, со тоа што, во нашата работа и изведба се вклучени и реномирани надворешни фирми и соработници. Услуги: • Информациски инжинеринг • Изработка на апликативен софтвер • Изведба и одржување на мрежи • Продажба на опрема и периферни елементи • Продажба на лиценциран софтвер од Microsoft Непобитен факт, е тоа што од своето создавање Бланк нема ниту еден клиент кој ги откажал нашите услуги. Тоа е последица на адекватните програмски апликативни решенија, одржувањето на софтверот, следење на законските норми и прописи, адекватен и навремен одговор за секој проблем и што е многу важно, достапност за секој вид поддршка во тек на цело работно време, а по потреба и вон работното време (поврзана со нашето работење и специфицирано со договор).
    • Име на контакт лице:Бланк Софтвер
    • Адреса:Борка Талевски 26/2-9
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 2467539



    022467539

    корисничка поддршка