00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Академик Доoел Скопје


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Повеќе за книгата на: https://prodavnica.akademik.mk/product/коментар-на-законот-за-заштита-на-конк/

    ПРАВНА ЛИТЕРАТУРА

    Со Коментарот на Законот за заштита на конкуренцијата, кој следува по објавувањето на Коментарот на Законот против нелојалната конкуренција, Академик го заокружува својот придонес кон правната литература за најзначајните прописи во областа на заштитата на конкуренцијата во нашата држава.

    Како што велат авторите на овој Коментар, иако „развиените западни демократии го имаат издигнато до степен на ‘божество’ значењето на конкуренцијата, а особено нејзиното почитување и заштитата, кај нас сè уште има релативно мало знаење за конкуренцијата, за нејзиното значење и за потребата од нејзина заштита“, па со објавувањето и на оваа втора публикација се надеваме дека ќе придонесеме за збогатување на македонската правна литература во една област во која нема многу научни и стручни трудови не само кај нас, туку и во регионот.

    Во Коментарот на Законот за заштита на конкуренцијата авторите несебично го имаат споделено своето знаење и долгогодишно теоретско и практично искуство од примената на Законот за заштита на конкуренцијата и воопшто од областа на конкуренцијата. Во него е содржана и богата домашна и странска судска и административна пракса на националните органи за заштита на конкуренцијата, вклучително и онаа на ЕУ и на САД. Дополнителна вредност на овој труд му дава делот од Коментарот каде што по секој член од Законот за заштита на конкуренцијата се наведува поврзаноста со одредбите од останатите македонски закони и меѓународни прописи (меѓународни конвенции и договори кои ги има ратификувано Република Северна Македонија и регулативите и директивите на ЕУ).

    Публикацијата, покрај самиот Коментар на Законот за заштита на конкуренцијата, ги содржи и деветте уредби кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија врз основа на Законот, а кои се исклучително важни и неопходни за неговата примена: Уредба за групно из­зе­ма­ње на одредени видови на хоризонтални договори за специјализација; Уредба за групно из­зе­ма­­ње на одредени видови договори за дистрибуција и сервисирање на моторни возила; Уредба за поблиските услови за ослободување или намалување на глобата и постапката под која Комисијата за одлучување по прекршок одлучува за ослободување или намалување на глобата; Ур­е­д­ба за поблиските услови за групно изземање на одредени видови на договори за трансфер на технологија, за лиценца или за know-how; Уредба за групно изземање на одредени видови договори за осигурување; Уред­­ба за поблиските услови за групно изземање на одредени видови договори за истражување и раз­­вој; Уредба за групно изземање на одредени видови вертикални договори; Уредба за поблиските услови за договори од мало значење и Уред­ба за фор­­мата и содржината на известувањето за концентрација и потребната документација која се поднесува заедно со известувањето.

    Оваа публикација е наменета како корисно четиво не само за бизнис-заедницата, туку и за правните професионалци – адвокати, судии, обвинители, правобранители, за дипломираните правници вработени во фирмите, во администрацијата и сл.
  • Достапност:Има залиха
  • профил на компанијата

    Академик Дооел Скопје

    • Опис на компанијата:- Најбрз и најлесен пристап до целокупното важечко законодавство на Македонија преку сеопфатната и дневно ажурирана збирка на прописи, akademika.com.mk - Пристап до стручна, квалитетна и богата правна литература - Релевантни и практични обуки на правни теми поврзани со секојдневното работење - Годишна конференција „Управување со правни ризици“
    • Име на контакт лице:akademik@akademik.com.mk
    • Адреса:Рајко Жинзифов
    • Поштенски број:50
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:02 3246813
    • Телефон #:02 3237465
    • Локација на мапа:Прикажи



    023237465

    корисничка поддршка