00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Овошен чај со 60% брусница


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Овошниот чај со брусница Good Nature е изготвен од висококвалитетни плодови од брусница и од диво јаболко, помешани со малку хибискус.Плодот од брусница изобилува со витамините А, Ц, Б, како и со фолна киселина.Заради антиоксидативните осoбини, таа ги превенира заболувањата кои настануваат како резултат на оштетувањата од слободните радикали, а го зајакнува и имуниот систем. Го зголемува нивото на HDL-холестеролот (добрата фракција на холестеролот), предизвикувајќи 40% намалување на ризикот од срцеви заболувања.Брусницата изобилува и со антоцијани, проантоцијанидини, флавоноли, органски киселини, танини, етерични масла и со овошни шеќери.

    Плодот од брусница содржи состојки кои го спречуваат слепувањето на уринарните бактерии на слузницата на уринарните патишта и на тој начин ги штити од инфекции. Особено како превентива, се препорачува за лица кои се подложни на вакви инфекции.Без сомнение, брусницата поволно дејствува на човековото здравје, а новиот овошен чај GOOD NATURE со 60% брусница, со својот пријатен вкус и мирис, нема да ве остави рамнодушни!

    Уште една карактеристика на новиот чај со брусница е тоа што можете во него да уживате и да го консумирате и како компот, притоа вкусувајќи ги овошјата и билките кои остануваат по процедувањето. Плодовите од брусницата и дивото јаболко се вкусни и сочни, а воедно богати и со растителни влакна.

    Содржи 60 % плод од брусница.
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка