00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Овошен чај со аронија и вишна


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Плодовите од аронија се нарекуваат уште и „суперовошје“ токму поради исклучително високото количество антиоксиданти коешто го содржат. Споредено со други овошја коишто имаат антиоксидативна способност, како што се семето од грозје, брусницата или плодот од боровинка, аронијата предничи.

    Инаку, аронијата како растение потекнува од северноамериканскиот континент од каде што бргу се пренела и во северноевропските земји и во Русија, а денес особено се користи во Германија.

    Како извор на антоцијани, односно компоненти кои имаат способност да ги неутрализираат слободните радикали во организмот – антиоксидативна способност, аронијата помага при регулирање на нивото на гликоза и на холестерол во крвта, го штити црниот дроб и ја подобрува неговата функција, ги подобрува имунитетот, циркулацијата, прочистувањето на крвта и регулирањето на високиот крвен притисок. Поседува и бактерицидно и антивирусно дејство и се препорачува да се користи при разни воспаленија, особено при оние на уринарните патишта. Плодот од аронија содржи многу витамини, минерали и микроелементи и има карактеристично киселкав и опор вкус.

    Новиот овошен чај со аронија во комбинација со другите плодови – круша, брусница и вишна, претставува извонредно вкусен и освежителен напиток, особено пријатен за консумирање во летните топли денови.

    Новиот овошен чај со аронија и со вишна е вистински избор за љубителите на ледени чаеви.
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка