бустери - пентолитски појачувачи
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Експлозивите кои не се осетливи на иницирање со Рударска каписла бр.8, Електродетонатори или Детонаторски фитил имаат мала осетливост на почетен импулс при предизвикување на детонаторски процес. За нивно иницирање се користат бустери - пентолитски појачувачи кои предизвикуваат многу посилен импулс од наведените иницијални средства.
Од производствената програма на TRAYAL Корпорација ги нудиме следните видови бустери:
ПП - 100
ПП - 300
ПП - 360
ППН - 500
Овие појачувачи се карактеризираат со исклучителна водоотпорност, значително висок притисок на детонацијаи висока брзина на детонација.
Пентолитскиот појачувач ПП - 100 првенствено е наменет за подземни минирања но само во јамите каде нема присутство на метан и опасна јаглена прашина.
Пентолитските појачувачи ПП - 300, ПП - 360 и ППН - 500 се наменети за масовни површински минирања.
Дизајнот на ПП - 300 и ПП - 360 е прилагоден на начинот на иницирање со детонаторски фитил, додека ППН - 500 е усогласен со начинот на иницирање со неелектрични системи на иницирање од типот "НОНЕЛ".
Благодарение на нивната мошне голема бизантност и стандардниот квалитет, мошне успешно се применуваат во геофизичките истражувања.
Пакувањето на пентолитските појачувачи е прилагодено спрема АДР/97 прописите.

Категорија:Експлозиви
Продавач:Детонит
профил на компанијата
Детонит
- Опис на компанијата:Фабриката за експлозиви ДЕТОНИТ ДООЕЛ е изградена во 1978 година а со работа започнува во 1979 година. Основана е како дел од тогашната Хемиска индустрија “Милоје Закич” од Крушевац (денешна ТРАЈАЛ Корпорација) т.е како станица за производство на стопански експлозиви за потребите на рудникот за бакар и злато БУЧИМ. Од 1995 година фабриката функционира како посебно правно лице во склоп на ТРАЈАЛ Корпорација АД Крушевац. Покрај главната намена на фабриката да го снабдува рудникот Бучим со експлозив, Детонит уште во првите години на своето работење почнува да ги снабдува со експлозив и останатите рудници и каменоломи во Македонија како што се Фени Кавадарци, Тајмиште Кичево и други. Денес ДЕТОНИТ ДООЕЛ е современа компанија со имплементиран систем на квалитет по стандардот ISO 9001:2008 и СЕ знак за квалитет на своите производи и која пред се е пазарно ориентирана максимално задоволувајќи ги потребите на своите купувачи и освен домашниот пазар од 2010 година станува првиот извозник во Р. Македонија на стопански експлозив.
- Име на контакт лице:Владо
- Адреса:М.В.Трска б.б.
- Поштенски број:2420
- Град:Радовиш , Македонија
- Телефон #:032 635 414
- Локација на мапа:Прикажи