00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Анфо експлозивни смеси


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Класичните АНФО експлозивни смеси претставуваат двокомпонентен систем составен од гранулиран порозен амониум нитрат и дизел гориво како сензибилизатор. АНФО експлозивните смеси не смеат да се користат во јамите каде што има метан или јаглена прашина. АНОЛ - АНФО претставува класична АНФО експлозивна смеса. Се дистрибуира со спеијално Анфо возило кое има две комори за компонентите кои го сочинуваат и прават овој експлозив. Со специјалното возило директно се впумпува во минските бушотини каде се формира експлозивната смеса. Анфо возилото е мобилно и се полни во својата база - АНФО станица. Критичниот пречник на овој тип изнесува 100мм. Се употребува за масовни минирања на површинските копови во услови на меки и средно цврсти маси. АНОЛ-АНФО не е осетлив на рударска каписла бр.8 и на детонаторски фитил, а се иницира со прнтолитски појачувачи НОНЕЛ систем од 500 грама (ППН-500). АНФО J.1 ДМ е во потполно исти состав со АНОЛ-АНФО. Се пакува волиетиленски ПВЦ вреќи од 25кг и според минерските карактеристики може во многу случаи да ги замени или да се комбинира со патронираните прашкасти експлозиви. Експлозивот се доставува на лице место на површинскиот коп со специјално АДР возило или се складира во магацин. Експлозивот од вреќите, директно се сипа во минските бушотини. Заради неговата релативно мала густина и конзистенција (порозни гранули на амониум нитрат) ја исполнува целосно минската бушотина, се распоредува по висина рамномерно и со помала концентрација по метар должен бидејќи има мала насипна маса. АНФЕКС П-ДМ е со истиот калитативен хемиски состав како и останантите Анфо експлозиви, со таа разлика што е патрониран во полиетиленски кеси во различни пречници од 60мм до 90мм, спрема потребите на потрошувачите.
  • Категорија:Експлозиви
  • Продавач:Детонит
  • профил на компанијата

    Детонит

    • Опис на компанијата:Фабриката за експлозиви ДЕТОНИТ ДООЕЛ е изградена во 1978 година а со работа започнува во 1979 година. Основана е како дел од тогашната Хемиска индустрија “Милоје Закич” од Крушевац (денешна ТРАЈАЛ Корпорација) т.е како станица за производство на стопански експлозиви за потребите на рудникот за бакар и злато БУЧИМ. Од 1995 година фабриката функционира како посебно правно лице во склоп на ТРАЈАЛ Корпорација АД Крушевац. Покрај главната намена на фабриката да го снабдува рудникот Бучим со експлозив, Детонит уште во првите години на своето работење почнува да ги снабдува со експлозив и останатите рудници и каменоломи во Македонија како што се Фени Кавадарци, Тајмиште Кичево и други. Денес ДЕТОНИТ ДООЕЛ е современа компанија со имплементиран систем на квалитет по стандардот ISO 9001:2008 и СЕ знак за квалитет на своите производи и која пред се е пазарно ориентирана максимално задоволувајќи ги потребите на своите купувачи и освен домашниот пазар од 2010 година станува првиот извозник во Р. Македонија на стопански експлозив.
    • Име на контакт лице:Владо
    • Адреса:М.В.Трска б.б.
    • Поштенски број:2420
    • Град:Радовиш , Македонија
    • Телефон #:032 635 414
    • Локација на мапа:Прикажи



    032635414

    корисничка поддршка