Опис на компанијата:Фабриката за експлозиви ДЕТОНИТ ДООЕЛ е изградена во 1978 година а со работа започнува во 1979 година. Основана е како дел од тогашната Хемиска индустрија “Милоје Закич” од Крушевац (денешна ТРАЈАЛ Корпорација) т.е како станица за производство на стопански експлозиви за потребите на рудникот за бакар и злато БУЧИМ. Од 1995 година фабриката функционира како посебно правно лице во склоп на ТРАЈАЛ Корпорација АД Крушевац.
Покрај главната намена на фабриката да го снабдува рудникот Бучим со експлозив, Детонит уште во првите години на своето работење почнува да ги снабдува со експлозив и останатите рудници и каменоломи во Македонија како што се Фени Кавадарци, Тајмиште Кичево и други.
Денес ДЕТОНИТ ДООЕЛ е современа компанија со имплементиран систем на квалитет по стандардот ISO 9001:2008 и СЕ знак за квалитет на своите производи и која пред се е пазарно ориентирана максимално задоволувајќи ги потребите на своите купувачи и освен домашниот пазар од 2010 година станува првиот извозник во Р. Македонија на стопански експлозив.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје