00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Мадраци

Мадраци

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Reno Мадраците се единици со голема површина и мала дебелина. Направени се од хексагонална (шестоаголна) мрежа произведена од двојно навртена челична жица, достапни се во различна големина и димензии. Мадраците се полнат со камења на местото на поставување. Reno Мадраците се поделени на повеќе ќелии со помош на внатрешни прегради-дијафрагми.Ваквите единици главно се наменети за заштита и обложување на брегови кај канали и реки каде имаат значителна структурна функција.Жицата која се користи за производство на мадраците може да биде: -челична жица, длабоко галванизирана со цинк (Zn) -челична жица, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al) -челична жица, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al) и обложена со слој на PVC Сите мадраци се порабени со жица со поголем дијаметар од оној на мрежата. Ова овозможува дополнително зајакнување на структурата. Комбинацијата од Цинк и Алуминиум резултира со подобрени механички својства и микроструктура на жицата. Ваквата жица е порезистентна на корозија и за два до три пати подолготрајна од жицата обложена само со Цинк. Жицата може да биде обложена со слој на ПВЦ за целосно елиминирање на ризикот од корозија.Со употреба на Reno мадраците се формираат флексибилни, пропустливи и монолитни структури. Нивната дренажна способност е креирана преку празнините помеѓу камењата со кој еден мадрак е наполнет.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Ерго Ком
  • Земја на потекло:Италија
  • профил на компанијата

    Ерго Ком

    • Опис на компанијата:ЕРГО КОМ ДООЕЛ Скопје е компанија која делува на пазарот за специјализирани градежни материјали. ЕРГО КОМ е ексклузивен застапник и дистрибутер за производите на познатиот светски производител на жичани производи и геосинтетици "Maccaferri", компанија основана во 1879г., светски призната како докажан партнер во сферата на проектирање и развој на напредни решенија во градежништвото и инженеринг на животната средина. ЕРГО КОМ може да стане Ваш доверлив партнер во испораката на високо квалитетни материјали првенствено наменети за употреба во нискоградбата, како и во развивање на решенија за стабилизација на земјиштето, контрола на ерозија, потпорни ѕидови, депонии, обложување на канали и реки, спречување на одрони на камења итн.
    • Име на контакт лице:Владимир Трајановски
    • Адреса:ул. Костурски херои бр. 4-8
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0)2 3232 351
    • Факс #:00 389 (0)2 3232 351
    • Година на регистрација:2011
    • Локација на мапа:Прикажи



    023232351

    корисничка поддршка