00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Мрежа за заштита од одрони


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Mрежата од двојно навртена челична жица се користи како завесен систем кој спречува паѓање на карпи и други остатоци кај патиштата и железниците.Ваквите мрежи наоѓаат примена во заштита на патишта, железнички пруги и згради покрај карпи како и во комбинација со ровови и/или ѕидови. Типичната апликација е кај карпи чија површина може да се распадне на делови со големина не помала од отворот на мрежата и дијаметар не поголем од 50см. Кај умерено стрмни падини или онаму каде е можно развивање на вегетација, мрежата за заштита од одрони треба да биде инсталирана што поблизу до површината. Кај многу стрмни и вертикални карпи, мрежата за спречување на одрони се остава да лежи слободно на косината на тој начин овозможувајќи на одроните да паднат помеѓу мрежата и карпестата стрмнина во нејзината основа. Исто така од голема важност е и инсталирањето на безбеден и континуиран систем од анкери на врвот и основата на косината, кој ќе овозможи лесно чистење на насобраниот одрон во основата на стрмнината.Жицата која се користи за производство на мрежата може да биде: -челична жица, длабоко галванизирана со цинк (Zn) -челична жица, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al) -челична жица, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al) и обложена со слој на PVC Жицата од која се изработува мрежата за спречување на одрони може да биде со различен дијаметар. Сите мрежи се порабени со жица со поголем дијаметар од оној на мрежата.Мрежата од двојно навртена челична жица е идеално решение поради нејзината флексибилност во секој правец како и поради спречување на ширење на дефектот при евентуално кинење на жицата. Ова беше голем проблем кај мрежите произведени од жица со едно навртување.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Ерго Ком
  • Земја на потекло:Италија
  • профил на компанијата

    Ерго Ком

    • Опис на компанијата:ЕРГО КОМ ДООЕЛ Скопје е компанија која делува на пазарот за специјализирани градежни материјали. ЕРГО КОМ е ексклузивен застапник и дистрибутер за производите на познатиот светски производител на жичани производи и геосинтетици "Maccaferri", компанија основана во 1879г., светски призната како докажан партнер во сферата на проектирање и развој на напредни решенија во градежништвото и инженеринг на животната средина. ЕРГО КОМ може да стане Ваш доверлив партнер во испораката на високо квалитетни материјали првенствено наменети за употреба во нискоградбата, како и во развивање на решенија за стабилизација на земјиштето, контрола на ерозија, потпорни ѕидови, депонии, обложување на канали и реки, спречување на одрони на камења итн.
    • Име на контакт лице:Владимир Трајановски
    • Адреса:ул. Костурски херои бр. 4-8
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0)2 3232 351
    • Факс #:00 389 (0)2 3232 351
    • Година на регистрација:2011
    • Локација на мапа:Прикажи



    023232351

    корисничка поддршка