Terramesh единици
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Terramesh® е модуларен систем за армирање на земја. Предната страна (лицето) на единицата се формира со поврзување на задниот поклопец и дијафрагмата со главната единица. Со ова се добиваат правоаголно обликувани келии кои се полнат со камења. Green Terramesh® е пријателски кон околината модуларен систем за армирање на земја. Ваквиот систем е составен од: мрежа од двојно навртена челична жица, геосинтетик или биодеградабилно ќебе за контрола на ерозијата, заварена челична мрежа и 2 обликувани челични прегради кои го даваат аголот на косината.Овој систем наоѓа примена во изработката на потпорни структури кај патиштата, насипи кај депонии, звучни бариери, насипи кај реки и заштита од одрони. Димензијата на единиците и нивните елементи (преградите кои го формираат аголот на косината) зависат од барањата на проектот.Жицата од која се изработува мрежата на Terramesh® единицата е челична, длабоко галванизирана со Galmac легура (Zn, 5%Al) и обложена со слој на PVC. Сите единици се порабени со жица со поголем дијаметар од оној на мрежата. Ова овозможува дополнително зајакнување на структурата.Структурите изработени со Terramesh® систем се долготрајни и безбедни и во целост ги задоволуваат строгите интернационални барања. Инсталацијата на системот може да биде лесно и брзо направена дури и од неискусен тим над којШто е направена соодветна обука. Подготовката на земјата се врши со стандардна опрема. Се овозможува лесно и континуирано формирање на лицето на насипот што пак придонесува кон естетско прилагодување на опкружувањето.
Достапност:Контакт
Продавач:Ерго Ком
Земја на потекло:Италија
профил на компанијата
Ерго Ком
- Опис на компанијата:ЕРГО КОМ ДООЕЛ Скопје е компанија која делува на пазарот за специјализирани градежни материјали. ЕРГО КОМ е ексклузивен застапник и дистрибутер за производите на познатиот светски производител на жичани производи и геосинтетици "Maccaferri", компанија основана во 1879г., светски призната како докажан партнер во сферата на проектирање и развој на напредни решенија во градежништвото и инженеринг на животната средина. ЕРГО КОМ може да стане Ваш доверлив партнер во испораката на високо квалитетни материјали првенствено наменети за употреба во нискоградбата, како и во развивање на решенија за стабилизација на земјиштето, контрола на ерозија, потпорни ѕидови, депонии, обложување на канали и реки, спречување на одрони на камења итн.
- Име на контакт лице:Владимир Трајановски
- Адреса:ул. Костурски херои бр. 4-8
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:00 389 (0)2 3232 351
- Факс #:00 389 (0)2 3232 351
- Година на регистрација:2011
- Локација на мапа:Прикажи