Осигурување од автоодговорност
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:ШТО ВСУШНОСТ ЗНАЧИ ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТООДГОВОРНОСТ? Со цел заштита на трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајна незгода, сопствениците на моторни возила се должни по сила на законот да склучат договор за осигурување од автоодговорност, со што се обезбедува надокнада на штета која настанува како последица на сообраќајните незгоди. Со склучување на договор со нашата компанија за осигурување од автоодговорност ние наместо Вас ќе ја платиме настанатата штета кон трети лица (оштетено или уништено моторно возило, смрт, телесна повреда, нарушена здравствена состојба) ако до сообраќајната незгода дојде по Ваша вина. Право на надоместок на штета имаат сите лица кои се наоѓаат во возилото кое ја причинило сообракајката како и сите лица кои се наоѓаат во другото возило кое учествувало во сообракајната незгода. Добрите и совесни возачи ги наградуваме со попуст на премијата за осигурување (бонус). Одобруваме и дополнителни попусти. За секоја година вез пријавена штета ве наградуваме со: *После 1 година - 5% *После 2 години - 10% *После 3 години - 15% *После 4 години - 20% *После 5 години - 25% и тн. Правото на (бонус/малус) е поврзано со сопственикот на возилото и не се пренесува на новиот сопственик во случај на продажба на визилото. ПОПУСТИ: Попуст од 10% за воени инвалиди, трудови инвалиди кои при купување на патнички автомобил имале право на намален данок. Истиот се однесува на едно возило со презентација на соодветна писмена документација. ДОПЛАТОЦИ: - 30% доплаток за „TAXI“ возила - 100% доплаток за „Рент а кар“ возила - 10% доплаток за патнички и комби возила кои имаат над 5 седишта - 10% доплаток за патнички и комби возила наменети за пренос на товар - 15% доплаток за возачи од 18-22 години старост - 10% доплаток за возачи од 22-26 години старост
Категорија:Осигурителни услуги
Достапност:Контакт
профил на компанијата
Кроација Осигурување – Друштво за неживотно осигурување
- Опис на компанијата:Проследувајќи ги идеите и плановите за најновите трендови во осигурувањето, Кроација Осигурување –неживот, пружа осигурителна заштита преку сите видови неживотни осигурувања под мотото МИСЛИ ПРЕВЕНТИВНО.
- Име на контакт лице:Даниела
- Адреса:Св.Кирил и Методиј 20, кат 2 (М.Х.Јасмин)
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023251100
- Факс #:023251111
- Локација на мапа:Прикажи
| | |