Начини на осигурување на имот
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Заедничка е желбата на осигуреникот и осигрувачот да се договори квалитетен начин на осигурување. Во следните примери наведени се само три основни начини на осигурување:
- Осигурување на имот на сума на осигурување
- Осигурување на имот на договорена вредност
- Осигурување на нова вредност
1. ОСИГУРУВАЊЕ ИМОТ НА СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ.
Кај овој начин на осигурување договорувачот има право да договори сума на осигурување која е исклучиво негов избор, но многу важно е да се напомене дека договорената сума на осигурување има непосредно влијание на пресметката за штета и истата треба да биде еднаква на вистинската вредност. Договорувачот на осигурувањето нама право да поднесе приговор до осигурувачот за последици кои произлегуваат договорената сума на осигурување. Доколку сумата на осигурување е помала од реалната вредност доаѓа до подосигурување и осигуреникот неможе да оствари потполн надоместок на штетите.
Примената на подосигурувањето може да се види од следниот пример:
- стварна вредност на објектот: 1.000.000 денари
- вредност на која сопственикот го осигурал објектот: 800.000 денари
Се забележува дека сопственикот го осигурал својот објект на износ кој претставува 80% од стварната вредност.
Да претпоставиме дека во објектот настанал пожар кој предизвикал штета од 400.000 денари. Сопственикот на објектот во овој случај одчекува надоместок на таа вредност, но како последица од разликата помеѓу стварната вредност и осигурената вредност доаѓа до подосигурување. Во овој случај осигурувачот го применува правилото на пропорција:
- Надоместок = (осигурена вредност х штета)/стварна вредност
- Надоместок = (800.000 х 400.000)/1.000.000 = 320.000
Според тоа, сопственикот на објектот добива надоместок за претрпената тета од 320.000 денари што представува 80% од износот на настанатата штета.
Правилото на кое се темели ликвидацијата во осигурувањето гласи дека никогаш надоместокот за штета неможе да биде поголем од вредноста на штетата која ја претрпел осигуреникот како последица на штетен настан.
2. ОСИГУРУВАЊЕ ИМОТ НА ДОГОВОРЕНА ВРЕДНОСТ
Овој начин на осигурување може да го направат само правни субјекти кои уредно водат книговодство за своите имоти, а се применува и при склучување на осигурување од опасности пожар и некој други опасности и кај осигурување на машини од кршење и некои други опасности.
Како предуслов за ова осигурување мора да бидат обфатени сите ствари на осигуреникот кои според Условите за осигурувањеможат да бидат предмет на осигурување.
За осигурувања кои започнуваат од 01.01 минималната вредност на стварите за пресметка е книговодствената ревалоризирана набавна вредност од 31.12 од предходната година.
Стварите осигурени на договорна вредност се сметаат за осигурени на стварна вредност. Кај овој начин на осигурување исто така е овозможено на повеѓекратно зголемување на сумата на осигурување со непропорционално зголемување на премијата. Овде не се применува правилото на пропорција како кај подосигурувањето.
3. ОСИГУРУВАЊЕ НА НОВА ВРЕДНОСТ
На овој начин може да се осигураат градежните објекти (згради, деловни простори, станови и сл.) т.е. опрема од опасности кои се обфатени во Условите за осигурување од пожар и некои други опасности.
Овие посебни услови значајни се по тоа што штетите по овие услови се надоместуваат по нова вредност и не се зема во предвид амортизацијата.
Предмет на осигурување може да се осигура на нова вредност ако неговата стварна вредност не е помала од 40% од новата вредност во време на склучување на осигурувањето.
Кај овој тип на осигурување истотака е важно да се одреди реално новата вредност на предметот на осигурување бидејки овој тип на осигурување може да се свати како осигурување на сума на осигурување кој кое се применуваат одредбите за подосигурување.
Целта зашто ги осигурувате вашите ствари е надоместок на штета ако се случи штетен настан, па затоа е важно да се води сметка за тоа на кој начин на осигурување истите се заштитени.

Категорија:Осигурителни услуги
Достапност:Контакт
профил на компанијата
Кроација Осигурување – Друштво за неживотно осигурување
- Опис на компанијата:Проследувајќи ги идеите и плановите за најновите трендови во осигурувањето, Кроација Осигурување –неживот, пружа осигурителна заштита преку сите видови неживотни осигурувања под мотото МИСЛИ ПРЕВЕНТИВНО.
- Име на контакт лице:Даниела
- Адреса:Св.Кирил и Методиј 20, кат 2 (М.Х.Јасмин)
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023251100
- Факс #:023251111
- Локација на мапа:Прикажи