00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Подготовка за IELTS

Подготовка за IELTS

Цената е со вклучен ДДВ
8.500 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Подготовка за IELTS

    56 часа по 45 мин

    IELTS, односно Меѓународниот систем за тестирање по англиски јазик (International English Language Testing System), e водечки светски тест за познавање на англискиот јазик, со преку 1,7 милиони полагања минатата година.

    IELTS ги оценува сите ваши вештини на англиски јазик — читање, пишување, слушање и зборување, и е осмислен на начин што покажува како ќе се служите со англискиот јазик за време на студиите, на работното место или во слободното време при вашиот нов живот во странство.

    Тестот IELTS е меѓународен тест за познавање на англиски јазик и има важност од две години. Тестот има две варијанти: општа (General Module), што ја полагаат кандидатите за иселеничка виза, и академска (Academic Module), за кандидти за студии во Европа, Северна Америка и Австралија.

    Испитот IELTS се состои од четири дела што посебно се полагаат: слушање на говор од касета на дадена тема (Listening), текст на дадена тема со придружни прашања на кои треба да се даде одговор (Reading), пишување состав на дадена тема (Writing) и разговор (Interview).

    Запишување:

    За да се посетува подготовката за полагање на IELTS, слушателите мора да имаат многу солидна основа и добро да го познаваат англискиот јазик. Тоа се утврдува со тестирање кое го спроведува предавачкиот кадар во ЕСП, и врз основа на тој тест слушателите се квалификуваат за посетување на подготовката.

    Програмата се работи по 2 книги:

    Preparation and Practice - Reading and Writing
    Preparation and Practice - Listening and Speaking
    Исто така, се користат и тестови од книгата Cambridge Practice Tests for IELTS, кадешто има 4 теста. IELTS се работи по два модула и тоа ACADEMIC и GENERAL MODULE. За двата модула, книгата за подготовка за слушање и зборување е иста, додека за читање и пишување е различна. Доколку се работи со група слушатели кои се подготвуваат за еден ист модул тогаш подготовката е поедноставна, но доколку групата е составена од слушатели кои се подготвуваат и за двата модула, тогаш подготовката треба да се приспособи според слушателите и нивниот индувидуален прогрес.
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи



    023246041

    корисничка поддршка