00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Курсеви по француски јазик за деца и младинци


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:КУРСЕВИ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ - ФРАНЦУСКИ. *Курсеви за деца од 6 до 8 години (подготвителни). *Ниво А0. Овие курсеви траат цела учебна година а наставата се одржува два пати неделно по 60 минути. Програмата за ова ниво е претежно орална, интерактивна а децата го изучуваат јазикот преку игра, приказни, песни и поими поврзани со нивниот свет, опкружување и интерес. Ова подготвително ниво завршува со елементарно описменување на децата. *Курсеви за ученици - основна јазична употреба. *Ниво А1 (1.1.; А1.2) и А2 (А2.1: А2.2). Курсевите траат една учебна година со настава двапати неделно по 60 минути. Учениците стекнуваат основни знаења за јазикот преку јазичните вештини читање, пишување, граматика, слушање и зборување. Се запознаваат и со културните специфичности на земјата чиј јазик го изучуваат преку соодветни модерни и интересни програми со што успешно се приближуваат кон следното повисоко ниво. *Курсеви за ученици и младинци - самостојна јазична употреба. *Ниво Б1 (Б1.1 до Б1.2) Б2.1 до Б2.2). Курсевите од ова ниво траат една година со динамика двапати неделно по 60 минути, слушателот се обучува самостојно да се изразува во усна и писмена форма а се развиваат и неговите способности за препознавање и примена на автентичните јазични конструкции во реален контекст. Континуитетот во прорамата обезбедува надоврзување со повисокото ниво.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Лингвафан
  • профил на компанијата

    Лингвафан

    • Опис на компанијата:Лингафан е едно од најстарите приватни јазични училиште во Скопје. Основано е во 1990 година и од скромно училиште прерасна во реномиран акредитиран Центар за странски јазици, дисперзиран на три локации во Скопје, во населбата Аеродром, Тафталиџе и строгиот Центар на градот. Просториите на трите локации се пријатни и модерни а современата опрема, учебниците и библиотеката овозможуваат квалитетно совладување на програмата, континуитет во изучувањето и сигурен успех и напредок. Искуството, компетентноста, посветеноста и професионалниот однос на нашиот наставен кадар гарантираат квалитет пред се затоа што Лингвафан има усвеоно европски стандарди за квалитетот во јазичната настава и перманентно се залага за нивно унапредување и одржливост.
    • Име на контакт лице:Фанија Стошиќ Николовска
    • Адреса:Centar , Taftalidze, Aerodrom
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:38970 221216
    • Телефон #:02 2446 227
    • Локација на мапа:Прикажи



    022446227

    корисничка поддршка