Курсеви по англиски јазик за деца и младинци
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Англиски курсеви за деца и младинци. *Подготвителни курсеви за деца од 4 до 7 години. *Ниво А0.1; А0.1+; А0.2; А0.2+. Овие курсеви траат цела учебна година а наставата се одржува два пати неделно по 60 минути. Програмата за ова ниво е претежно орална, интерактивна а децата го изучуваат јазикот преку игри, приказни, песни и поими поврзани со нивниот свет, опкружување и интерес. Ова подготвително ниво завршува со елементарно описменување на децата. *Курсеви за ученици - основна јазична употреба. *Ниво А1 (А1.1; А1.2) и А2 (А2.1; А2.2). Курсевите траат една учебна година со настава двапати неделно по 60 минути. Учениците стекнуваат основни знаења за јазикот преку јазичните вештини читање, пишување, граматика, слушање и зборување. Се запознаваат и со културните специфичности на земјата чиј јазик го изучуваат преку соодветни, модерни и интересни јазични програми со што успешно се приближуваат кон следното повисоко ниво. *Курсеви за ученици и младинци - самостојна јазична употреба. *Ниво Б1 (Б1.1 до Б1.2) и Б2.1 до Б2.2). Курсевите од ова ниво траат една година со динамика два пати неделно по 60 минути. слушателот се обучува самостојно да се изразува во усна и писмена форма а се развиваат и неговите способности за препознавање и примена на автентичните јазични конструкции во реален контекст. Континуитетот во програмата обезбедува надоврзување со повисокото ниво. *Курсеви за средношколци - компетентна јазична употреба. *Ниво Ц1 (Ц1.1 до Ц1.2) и Ц2 (Ц2.1). Овие курсеви траат една учебна година. Курсевите Ц1.2 и Ц2.2 кои се подготовка за меѓународен испит траат еден семестар. Наставата се одвива двапати неделно по 90 минути. Користење на јазикот на самостојно и компетентно ниво се постигнува преку модерни јазични програми во кои слушателот се става во центарот на сите јазични активности како што се дебати, дијалози, дискусии, компетентно писмено изразување и пишување на различни текстови, читање, слушање и надградување на вакабуларот со кои слушателот се поттикнува да го користи јазикот на самостојно, компетентно ниво.
Категорија:Образование и обуки
Достапност:Контакт
Продавач:Лингвафан
профил на компанијата
Лингвафан
- Опис на компанијата:Лингафан е едно од најстарите приватни јазични училиште во Скопје. Основано е во 1990 година и од скромно училиште прерасна во реномиран акредитиран Центар за странски јазици, дисперзиран на три локации во Скопје, во населбата Аеродром, Тафталиџе и строгиот Центар на градот. Просториите на трите локации се пријатни и модерни а современата опрема, учебниците и библиотеката овозможуваат квалитетно совладување на програмата, континуитет во изучувањето и сигурен успех и напредок. Искуството, компетентноста, посветеноста и професионалниот однос на нашиот наставен кадар гарантираат квалитет пред се затоа што Лингвафан има усвеоно европски стандарди за квалитетот во јазичната настава и перманентно се залага за нивно унапредување и одржливост.
- Име на контакт лице:Фанија Стошиќ Николовска
- Адреса:Centar , Taftalidze, Aerodrom
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:38970 221216
- Телефон #:02 2446 227
- Локација на мапа:Прикажи