00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Курс по кинески јазик

Курс по кинески јазик

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Наставна програма HSK за следење на курс по кинески јазик
    HSK (汉语水平考试 - hanyu shuiping kaoshi) е материјал кој е стандардизиран и е наменет за слушатели кои се стекнуваат со компетентност на пишување, читање, зборување и граматика на кинески јазик. Според најновите стандарди за одредување на ниво на познавање на кинескиот јазик, според рамката на институтот Кофуциј која е светски призната, кинескиот јазик се дели на HSK1, HSK2, HSK3 (нивоа кои опфаќаат елементарно познавање на кинескиот јазик); HSK4, HSK5, HSK6 (нивоа кои опфаќаат средно познавање на јазикот) и HSK7, HSK8 и HSK9 (кои опфаќаат високо познавање на кинескиот јазик). Курсевите за различни нивоа на кинески јазик се адаптирани за возрасни и адолесценти кои се здобиваат со ниво на познавање на јазикот. До скоро рамката за одредување на ниво по кинески јазик беше поделена на 6 нивоа, од HSK1 до HSK6 koja до некаде е паралелна на европската рамка за јазици која е исто поделена на 6 нивоа, од A1 до C2. Рамките се слични, меѓутоа познавањето на кинескиот јазик се одредува според бројот на кинески знаци кои една индивидуа ги знае. Промената во нивоата е настаната со тоа што покачен е бројот на знаци во јазикот кој го говорат странци. За HSK1 треба да се знаат 300 знаци, за HSK2 - 600 знаци, HSK3 - 900 знаци, за HSK4 - 1200 знаци, за HSK5 - 1500 знаци, за HSK6 - 1800 знаци; а за највисоките нивоа на познавање на кинескиот јазик треба да се знаат 3000 и над 3000 знаци. Курсевите се прилагодени за изучување на кинескиот јазик и воедно припремање за тестирање на HSK сертификат за кинески јазик кој е еквивалентен на IELTS или TOEFL за полагање на англиски јазик. Пропратно на курсот ќе се учат работи кои се поврзани со кинеската култура низ други суплементарни материјали, за подобро совладување на јазикот.
    Секое HSK ниво (15 поглавја) е поделено на два степена.
    HSK1 ниво е поделено на (HSK1.1 и HSK1.2) степени.
    Фондот на часови за еден степен е е 60 часа од по 45 минути за секоја лекција по два часа, со интензитет од 2 до 3 пати неделно по 2 часа од по 45 (90 минути).
    Секоја лекција вклучува слушање, читање, говорење, и пишување, првиот степен 150 кинески знаци и граматика. Почетното ниво е HSK1.1 се изучуваат 150 знаци.
    По комплетирање на секој степен се добива сертификат за завршен степен.
    Пријавување на тел. 071 324-172
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи



    023246041

    корисничка поддршка