00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Членство во Бизнис група Grow фаза – Платформа за до-едукација


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Групните сесии за размена на искуство претставуваат комплементарна услуга, на платформата за вмрежување, односно учеството во овие групи е условено со членувањето во бизнис клубот. Фазата GROW е проценета точка на развој на компанија, според „методологијата на Адижес“која CEED ја користи и е предвидена како што следува:
    -бр. на вработени - > 5 < 20
    -годишни приходи - > 150к EUR < 500к EUR
    -присуство на пазарот - > 1 година
    -возраст на основачите - > 30 години

    Фазата GROW не е дефинирана по индустрија, тип на бизнис или целна публика, но е дефинирана и фокусирана на решавање на проблеми кои се јавуваат во слични фази на раст и/или развој, слични предизвици и трендинг претприемачки проблеми и предизвици на пазарот.

    CEED го задржува дискреционото право да ги приспособи и/или измени критериумите врз основа на потребите и очекувањата на клубот.

    Што претставува:
    Бизнис група – ФАЗА GROW е програма која предвидува групни сесии за размена на искуствo фокусирани за претприемачи чиј главен предизвик е развивање на нивниот бизнис. Програмата обезбедува знаење и вмрежување потребно за зголемување на продажбата и раст на компанијата.
    Како изгледа:
    Состаноци предводени од сопственици на бизниси кои ги:
    •споделуваат своите знаења за основање на бизнисите, искуства и научени лекции, ти помагаат да најдеш одговори за предизвиците со кои се соочуваш
    •даваат конкретни професионални совети од заедницата на претприемачи кои поминале низ исти или слични дилеми и предизвици во бизнисот
    •враќаат директен фидбек за деловните одлуки во рамките на 1:1 поврзувањето

    Како функционира:
    •Ќе учествуваш во 8 сесии на забрзан процес на учење, предводен од докажани бизнис основачи во затворена средина или круг од доверба, ограничен на 25 членови по група, каде што сите имаат можност да споделат мислење, да постават прашања и да разменат практики и решенија едни со други.
    •Во првиот дел ќе поминеш низ напредни лидерски практики и прашања на кои секој претприемач треба да има одговор, што ќе биде основа за понатамошен раст и развој на твојот бизнис
    •Во вториот дел ќе добиеш увид во докажани практики, каде што искусен бизнис лидер ќе ги сподели сопствените научени лекции, со цел да ти помогне да ги најдеш одговорите на предизвиците со кои се соочуваш.
    •За сите кои сакаат обезбедуваме дополнително поддршка со индивидуален пристап, каде заедно со консултант, или соработник на CEED идентификуваме цел и план на развој за кој креираме индивидуална врска со претприемач и/или консултант кој ќе ти помогне да ја направиш твојата транзиција.
    •Со приклучување на групата GROW стануваш член на големата CEED заедница на претприемачи, т.е. бизнис клубот, кои ќе ги сретнеш за време на настаните за вмрежување
    Теми и области на обработка:
    •Лидерство и прашања на кои претприемачите треба да имаат одговор
    •Подготовка на компанијата за раст и развој во период на неизвесност
    •Нови трендови за ефективна и повторлива продажба
    •Управување со човечкиот капитал кој е се помалку достапен
    •Финансии за претприемачи и финансиски dashboard
    •Финансирање на развојот преку средства и алтернативни извори на капитал
    •Нови канали и иновации за ефективен маркетинг
    •Специјална тема: Аквизиции, спојувања и стратегии за излез во бизнисот
    Зашто го правиме ова:
    •Да им овозможиме на претприемачите да го дефинираат нивниот пат во развојот на нивната компанија: да ја зголемат продажбата, да го изградат својот бренд и да се организираат навремено за следната фаза на раст и развој
    •Да ги поврземе претприемачите со нови деловни контакти кои ќе им ја прошират нивната деловна мрежа локално и ќе создадат нови деловни можности на меѓународно ниво
    Таргет учесници:
    •Претприемачи кои брзо напредуваат и се поставени да управуваат со компании независно од комплексноста и големината на истите
    •Основачи и менаџери на млади компании
    •Потенцијални наследници на семејни бизниси (втора генерација)
    •Поранешни корпоративни вработени кои стануваат менаџери за првпат, но и
    •Претприемачи кои управуваат со големи компании, но имаат потреба од до-едукација

    Типични предизвици и потреби:
    Клучен предизвик: раст на бизнисот
    •Имаат одредена пазарна валидација и бараат да се прошират со нови клиенти на нови пазари
    •Заинтересирани се да ја прошират својата деловна мрежа
    •Се соочуваат со продажен предизвик: како да продадеме повеќе и да бидеме поефективни?
    •Позиционирање на пазарот и препознавање на брендот: како да се истакнеме меѓу другите мали компании и како да се натпреваруваме со поголемите?
    •Предизвици за лидерство: оддалечување од тоа да се биде член на тимот и да се стане лидер; Делегирање; Станете поефикасни - лично и организациски
    •Финансиска стабилност и ликвидност; Разбирање како да се финансира растот
    Компоненти на програмата:
    1.Учење од претприемачи кои „го изоделе патот“
    2.Мрежни активности на CEED Club. Различни месечни активности за проширување на деловните мрежи на членовите и за следење на деловните трендови
    3.Key account manager: осигурување дека учесниците се задоволни со програмата: учесниците добиваат барем една релевантна врска за развој на нивниот бизнис и нивниот клучен предизвик ќе биде решен
    Број на состаноци:
    •8 сесии / состаноци

    Времетраење:
    •До 1 година

    Големина на група:
    •Минимум 15; максимум 30; Идеално 20-25

    Цена на програма:
    3,085 денари + ДДВ (месечно) или 50 евра + ДДВ (месечно)

    Повеќе информации и пријавување на: моб: 076 496 614 или на e-mail: abogeski@ceed-macedonia.org
  • Достапност:Има залиха
  • профил на компанијата

    ЦЕЕД Македонија

    • Опис на компанијата:CEED Бизнис клубот во Македонија е платформа за вмрежување и до-едукација на бизнисмени, односно единствен бизнис клуб од ваков тип со 15 години традиција, кој нуди комбинација на формалнa и неформалнa едукација во рамки на платформата, но само на внимателно избрани претприемачи и компании кои делат иста визија, односно верување дека единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да ја трансформираме бизнис климата и инспирираме полово еднаква, претприемачки ориентирана младина. Од постоечкото членство броиме близу 100тина компании и статистиката следствено е: - Просечен број на вработени на членките – 55 - Просечно време на членување – 7 години - Застапеност по сектори: IT сектор – 18%, Finance сектор - 14%, Food and/or Marketing -10%. - Просечни годишни приходи по членка = 2,7 mil EUR
    • Име на контакт лице:Александар Богески
    • Адреса:Орце Николов 202-1/36
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:02 3079911
    • Телефон #:02 3079191
    • Локација на мапа:Прикажи



    023079191

    корисничка поддршка