Студентска работа Германија
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:1. Кој може да учествува во оваа програма? Студенти на возраст од 18 - 35 години кои се редовни студенти и имаат многу солидни познавања од Германскиот јазик. 2. Кои услови треба да ги исполнувам ? · Како прво треба да имате солиднии познавања од Германскиот јазик (познавањата ќе бидат тестирани во нашата агенција). · Треба да сте подготвени да работите најмалку два месеци во Германија. · Исто така треба да сте подготвени на фактот дека понудената работа може да биде насекаде низ Германија. · Апликациите кои ќе се однесуваат на одредено место можат да не бидат земени во предвид. Доколку во апликацијата напишете дека поседувате возачка, би требало да бидете подготвени да возите и нормално - да знаете да возите. 3. Потребни документи Во склоп на пакетот за аплицирање спаѓаат следните документи: · Една пополнета апликации · Сертификат за познавање на Германскиот јазик · Оригинална потврда за редовен студент · 2 актуелни пасошки слики 4. До кога можете да се пријавувате? Најдоцна до 31.03.2013 5. Кои работни места им се нудат на студентите? Најчести работни места се во хотелиерството или гастрономијата (пр. McDonalds), чистење и одржување на објекти (хотели, ресторани). Во хотелите и рестораните Ви се нудат следните работни места: работа во кујна, собари, келнери, бар. За секоја работа Ви треба многу солидно познавање на Германскиот јазик. Доколку имате претходно искуство во некоја од овие области, тоа ќе биде земено како голема предност. Доколку Вашите познавања од јазикот не се многу солидни, ќе треба да прифатите работно место за работење во областа на земјоделието, чистење и одржување на објекти. 6. Што ако не знам германски? Сите студенти кои не знаат германски, а сепак сакаат да се обидат ќе може со наша помош да аплицираат преку Заводот за вработување во Бон, со тоа што нема да може да се одбере локација, но ќе може да ве ставиме во група со ваши пријатели и тоа по ваш избор. 7. Колку чини програмата? Опција 1 - Цената на програмата е 12 500 денари доколку работата и сместувањето ви се најдени од наша страна, како и здравствено и патничко осигурување за времетраење на програмата. Исто така во цената е вклучено интервју за работа, тест за познавање на јазик, обука за McDonald’s со комплетен вокабулар, мени и материјали за подобрување на познавањата од јазикот. Опција 2 - Доколку работната понуда ви биде доделена од Агенцијата за вработување во Бон, цената за подготовка на документите од наша страна е 2000 денари. Тука се вклучени поштенските трошоци, преводи, пополнување на документи, составување на биографија и препораки. Истите ќе ви бидат направени по германски стандарди и секако шансата за добивање на работа на овој начин ви е поголема откако да аплицирате сами. Користењето на нашите услуги би ви ја зголемиле шансата за заминување во Германија.
Категорија:Агенциски услуги , Работа и вработување
Достапност:Контакт
Продавач:Контекст