00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Ортопедски градник со џебови за носење на вештачка дојка (Изабел)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Ортопедскиот градник Исабел е специфичен по тоа што содржи фина чипка во пределот на деколтето. Чипката овозможува прикривање на сите нееднаквости, црвенила и/или лузни. Овој градник може да се носи и како корсет под сако или блејзер. Билатерални џебови за силиконска градна протеза се изработени од нежен памук. Има еластични прерамки со регулатор за да се обезбеди идеална поддршка. Досапен во бела и црна боја.

    Материјал: 40% полиамид, 18% полиестер, 10% еластин, 32% памук
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Медикус Хелп
  • Земја на потекло:Германија
  • профил на компанијата

    Медикус Хелп

    • Опис на компанијата:Основна програма во работењето на Медикус Хелп е програмата на ортопедските помагала. Важноста на ортопедските помагала во секојдневието на луѓето чиј живот ненадејно или постепено се изменил е огромна. Ортопедските помагала се помош во извршувањето на секојдневните обврски, овоможуваат движење, седење, надоместуваат физички недостаток, даваат шанса за поквалитетен живот. Тоа беше една од причините да започнеме со дејноста увоз и дистрибуција на ортопедски помагала. Определбата на Медикус Хелп е понудата на ортопедски помагала за македонскиот граѓанин да биде поразноврсна и поквалитетна. Нашата цел е да понудиме квалитетна и врвна услуга. Сакаме доколку постои болест, било привремена или трајна да ја олесниме со соодветно помагало, кое ќе значи подобро секојдневие. Желба ни е и да помогнеме во превенцијата од појава на деформитети кај младата популација. Увезуваме најквалитетни и најсовремени сертифицирани ортопедски помагала. Претставници сме на реномирани светски производители. Редовно ги посетуваме светските саеми, ги следиме новините и трендовите во светот на ортопедските помагала и постојано го зголемуваме нашиот асортиман. За да овозможиме полесна пристапност на ортопедските помагала ширум Македонија отворивме 10 специјализирани продавници. Константно работиме на усовршување на нашиот кадар преку едукации и курсеви кои ги организираат нашите добавувачи и нашиот стручен кадар. Имаме склучено и Договор со Фондот за здравствено осигурвање на Р.Македонија, што на осигурените лица им овозможува на поевтин и поедноставен начин да дојдат до потребното помагало. Задоволството на купувачот е нашиот најголем успех. Специјализирани продавници: Скопје 02/ 3130 015 Бел Камен 7 (Водно) Скопје 02/2447017 Бул. Јане Сандански 9 ( Три Бисери) Битола 047 /236 530 Маршал Тито 113 (Широк Сокак) Охрид 046/ 271 005 Гоце Делчев бб (ЈЗО Св. Еразмо) Тетово 044/ 342 259 Комплекс Базар локал 22 Штип 032/ 382 070 Кеј Маршал Тито 144 Прилеп 048/ 420 482 Гоце Делчев 6 Велес 043/ 211 509 Васил Горгов 1 Кавадарци 043/ 411
    • Име на контакт лице:Марија Ѓорѓиовска
    • Адреса:Јадранска Магистрала 165A (Визбегово)
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070260864
    • Телефон #:02 314 3333
    • Факс #:023130015
    • Локација на мапа:Прикажи
    следи ја оваа компанијаИспрати прашањесите производи
    Вкупна оцена:
    4.7 од 5.0 (3 оцени вкупно)

    Цена со ДДВ:4.360 ден.

    Lisbon SB дводелен костим за капење

    Цена со ДДВ:1.450 ден.

    Кинези ленти - CureTape® Beauty

    Цена со ДДВ:9.500 ден.

    Cher

    Цена со ДДВ:8.800 ден.

    Java




    023143333

    корисничка поддршка