ОТСТРАНУВАЊЕ СТРИИ
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Линеарни лузни на кожата придружени со епидермална атрофија.
Се јавуваат кај кожа која е изложена на прекумерно, континуирано и прогресивно растегање.Најчесто се јавува во пределот на стомакот и градите кај бремените жени, на рамењата кај боди-билдерите, кај адолесценти со интензивен раст и луѓе со прекумерна тежина.
Со оглед на тоа дека се работи за еден вид лузна, комплетна резолуција на проблемот ретко може да се постигне. Од тераписките опции на располагање ни се два вида на третман, локална терапија со ретиноиди или овошни киселини и ласерски третмани со аблативни и неаблативни ласери . Ретиноидите не се употребуваат кај бремени жени.
Хемискиот пилинг постигнува ремоделирање и зацврснување на текстурата на кожата што стриите ги прави помали во обем и помалку видливи.Ласерските третмани даваат побрзи резултати и најдобро е кога се комбинираат аблативни со неаблативни ласери.Колку порано се почне со третманот толку и процентот на успешност е поголем.

Достапност:Контакт
Продавач:Дерма Медика
профил на компанијата
Дерма Медика
- Опис на компанијата:1. ДЕРМАТОЛОГИЈА И ВЕНЕРОЛОГИЈА Преглед и консултации за сите видови кожни болести; АКНИ - најсовремени методи во лекувањето на акни со комбинирана ласерска Blue light, Green light и Infrared light со RH тeрaпија; Третман на брадавици, кондиломи, папиломи, молуски со криотерапија (течен азот), ласерска терапија, електрокоагулација; Преглед на бемки (проста и дигитална дермоскопија), ран скриниг за навремено откривање на меланом-рак на кожата; Дигитална дијагностика (компјутерски трихоскен) на коса и третман на сите типови на опаѓање на косата; Дифитална анализа и дијагностика на кожа на лице; Венеролошки прегледи - дијагностика (земање брисеви) и терапија на полово преносливи болести; Отстранување на бемки, тумори, израстоци ; Враснат нокт и други ноктени деформитети ; 2. ЕСТЕТСКА МЕДИЦИНА Третмани за подмладување ; Хемиски пилинг (Neostrata, Мезоестетик) ; Ласерски третмани со: неаблативни (радио фреквенција, ИПЛ) и аблативни ласери ; Дермаролер, дермапен ; Ласерски третмани за отстранување на проширени капилари, хиперпигментации, стрии, лузни од акни ; Ласерска епилација - трајно отстранување на несакани влакна ; 3. ДЕРМАТОЛОШКА КОЗМЕТОЛОГИЈА Отстранување на целулит и масни наслаги (Vela Smooth 2) ; Третмани за освежување и хидратација на лице - антиејџинг, релакс, оксиген ; Класични козметички третмани ;
- Име на контакт лице:Ненад Пешиќ
- Адреса:ул. Максим Горки бр. 8
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:(02) 3113 115;
- Локација на мапа:Прикажи