00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

ДИГИТАЛНА АНАЛИЗА НА КОЖАТА


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Најнов тренд во водечките светски центри на полето на дерматологијата и естетската медицина е дигиталната анализа на кожата, со која започнува и завршува секој третман. Оваа сеопфатна анализа на основните параметри што ја детерминираат кожата, ни помага да ја утврдиме фактичката состојба, да дијагностицираме какво било оштетување и потоа да го подготвиме најсоодветниот тераписки план со кој ќе постигнеме најдобри резултати.

    Skin analyzer апаратот преку дигитална анализа на серија фотографии со висока резолуција, со обична, поларизирана и УВ светлина, врши квалитативно, но и квантитативно одредување на следните параметри на кожата:

    1. количеството на себум – продукт на лојните жлезди, кој е неопходен за одржување на хидролипидната бариера на кожата. Зголемената продукција на себум предизвикува масна кожа, склона кон акни, додека пак намалената продукција резултира со сува кожа, која е чувствителна на надворешните влијанија и склона кон црвенила и иритации;

    2. степенот на хидратација – кој зависи од количеството вода врзано за молекулите на хијалуронската киселина во длабоките слоеви на кожата;

    3. степенот на еластичност – кој зависи од бројот на колагени и еластични влакна во длабоките слоеви на кожата и кој по 30-тата година почнува да се намалува;

    4. степенот на прокрвеност – кој зависи од состојбата на крвните садови, врз која најголемо влијание има животниот стил (исхраната, физичката активност, пушењето) како и постоењето на одредени органски заболувања (атеросклероза, покачен крвен притисок, хормонални нарушувања, итн.);

    5. големината на порите – која зависи од типот на кожата (масната кожа има поголеми пори), но и од степенот на цврстина и еластичност на кожата;

    6. присуството на пигментации – сончеви пеги, старечки дамки (кои се резултат на штетното влијание на УВ зраците), мелазма-пигментации со неправилен облик кои се предизвикани од хормонален дисбаланс (бременост, нарушена функција на ендокрините жлезди, контрацепција) и др.;

    7. бројот и длабочината на брчките – кои зависат од возраста, генетската предиспозиција, фотооштетувањето, како и од правилната нега;

    8. акните и лузните од акни-лесна (комедоника, папуло-пустулозна) или акни-тешка форма (нодуло-цистична, конглобата) – кои може да резултираат со атрофични лузни доколку се третираат неадекватно.По ваквата детална анализа, дерматолошката дијагноза лесно се поставува, а потоа се врши и изборот на најсоодветните тераписки процедури.

    Терапискиот план може да вклучува серија хемиски пилинзи, третмани со аблативни и неаблативни ласери, хијалуронски филери, класични третмани, како и комбинација од повеќе дерматолошки процедури за оптимални резултати. Исто така, оваа едноставна неинвазивна процедура ни овозможува документирање на состојбата на кожата, пред и по третманот, кое е дефинитивен и неоспорен доказ за успешно спроведениот тераписки или корективен третман. Во многу случаи, самото одредување на типот на кожата, а согласно со тоа и одбирањето на соодветната козметичка линија, е доволно за отстранување на некои кожни неправилности и промени.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Дерма Медика
  • профил на компанијата

    Дерма Медика

    • Опис на компанијата:1. ДЕРМАТОЛОГИЈА И ВЕНЕРОЛОГИЈА Преглед и консултации за сите видови кожни болести; АКНИ - најсовремени методи во лекувањето на акни со комбинирана ласерска Blue light, Green light и Infrared light со RH тeрaпија; Третман на брадавици, кондиломи, папиломи, молуски со криотерапија (течен азот), ласерска терапија, електрокоагулација; Преглед на бемки (проста и дигитална дермоскопија), ран скриниг за навремено откривање на меланом-рак на кожата; Дигитална дијагностика (компјутерски трихоскен) на коса и третман на сите типови на опаѓање на косата; Дифитална анализа и дијагностика на кожа на лице; Венеролошки прегледи - дијагностика (земање брисеви) и терапија на полово преносливи болести; Отстранување на бемки, тумори, израстоци ; Враснат нокт и други ноктени деформитети ; 2. ЕСТЕТСКА МЕДИЦИНА Третмани за подмладување ; Хемиски пилинг (Neostrata, Мезоестетик) ; Ласерски третмани со: неаблативни (радио фреквенција, ИПЛ) и аблативни ласери ; Дермаролер, дермапен ; Ласерски третмани за отстранување на проширени капилари, хиперпигментации, стрии, лузни од акни ; Ласерска епилација - трајно отстранување на несакани влакна ; 3. ДЕРМАТОЛОШКА КОЗМЕТОЛОГИЈА Отстранување на целулит и масни наслаги (Vela Smooth 2) ; Третмани за освежување и хидратација на лице - антиејџинг, релакс, оксиген ; Класични козметички третмани ;
    • Име на контакт лице:Ненад Пешиќ
    • Адреса:ул. Максим Горки бр. 8
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:(02) 3113 115;
    • Локација на мапа:Прикажи



    023113115

    корисничка поддршка