N20
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Контакт: 02/2581 380; 070/217952. Азотниот оксидул е безбоен, нетоксичен и назапалив гас, со малку сладок вкус, и е потежок од воздухот 1,5 пати. На нормална температура е многу стабилен, но на повисока температура има големо оксидационо дејство бидејќи на температура над 400°C се разложува на кислород и азот. - УПОТРЕБА: Основната употреба на азотниот оксидул е во медицината како анестетик поради тоа што е најмалку токсичен од сите други познати анестетици. Обично се употребува во облици на комбинирана инхалациска анестезија. Покрај основната употреба во медицината, азотниот оксидул се употребува и како потисен гас (пропелант) за аеросол пакувања во прехранбената индустрија (шлаг, сируп, концентрат од кафе) како и за фармацефтски и козметички препарати. - ИСПОРАКА: Азотниот оксидул се испорацува како втечнет гас во челични боци под притисок од 50 бари на 20°C.
Категорија:Медицински гасови , Технички гас
Достапност:Контакт
Продавач:Месер Вардар Техногас
профил на компанијата
Месер Вардар Техногас
- Опис на компанијата:Контакт: 02/2581 380; 075261262. MESSER е име на германска компанија кое повеќе од 100 години се поврзува со индустриски гасови. Messer Group произведува и ги снабдува своите купувачи со кислород, азот, аргон, јаглеродендиоксид, водород, хелиум, инертни гасови за заварување, специјални гасови, гасови за медицинска употреба како и широк спектар на гасни смеши. Месер Вардар Техногас е формирана 1997 год. како фирма ќерка на Messer Group. Во моментов располагаме со погон за производство на јаглероден диоксид лоциран во Меџитлија- Битола, и полнилници за кислород, за јаглродендиоксид, за азот, за аргон и гасни смеши лоцирани во Скопје. Покрај останатата палета на производи и опрема за гасови со која располагаме, произведуваме и сув мраз. Месер Вардар Техногас има продажни места ширум Македонија - во Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Кочани, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.
- Име на контакт лице:Даниела
- Адреса:Istocna industriska zona bb
- Поштенски број:1040
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:071211696
- Телефон #:022581380
- Година на регистрација:1996
- Број на вработени:40
- Локација на мапа:Прикажи