Castolin
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Контакт: 02/2581 380; 070/217952. Заварување, лемење, метализација во светот на репарационо заварување. Messer Vardar Tehnogas согласно со групацијата Messer во својата продажна програма ја има и целокупната палета на реномираната светска фирма Castolin Eutectic. Уште од 1906 година, Castolin Еutectic е светски лидер во областа на репаратурното машинско одржување, како со високиот квалитет на своите специјални дополнителни материјали, така и со програмата на најмодерни уреди за заварување, лемење и метализација. Сепак, како водечка светска фирма во оваа област на пазарот, мора да споменеме дека дел од репутацијата е изграден благодарејќи на услугите од областа на машинското одржување: од економична стратегија на одржување преку планирање на успешни мерки за заштита од абење, до практично ориентирана програма за обука на вработените и техничарите. Со користење на производите од програмата на Castolin Eutectic не се добива само врвен квалитет на дополнителните материјали и апарати, туку истовремено се добива и практичен know-how, стручни совети и интензивна сервисна услуга: од дефинирање на проблемот до негово успешно решавање. Поради тоа сакаме да Ве информираме за своите можности. УСПЕШНО ГИ РЕШАВАМЕ ПРОБЛЕМИТЕ НА АБЕЊЕ И ЗАВАРУВАЊЕ НА СПОЕВИТЕ КОИ ТЕШКО СЕ ЗАВАРУВААТ ИЛИ СЕ ОПТЕРЕТЕНИ. Проблем на абење: заварување, заштитно наварување и готови антиабечки плочи (CDP плочи), го решаваме секој проблем на екстремно абење на критичните делови, и кога се работи за абразија, ерозија, јаки удари фикција или корозија. Проблем на заварување/спојување: заварување на тешко заварливи делови, поправка и надградба на скршени делови и машини, заварување на динамички оптеретени делови, како и црно-бели споеви успешно ги решаваат нашите специјални дополнителни материјали и технологија на заварување. Нашите производи може да се поделат во неколку основни групи: - REL електроди - Континуални полни и наполнети жици - Голи и обложени жици и стапови - Растопувачи и пасти - Прав за метализација - Опрема Производниот програм е поделен во следниве групи: - Леено железо - Нелегирано, нисколегирано и високолегирани челици - Не`рѓосувачки челици - Бакарни легури, алуминиумски легури, титан легури и магнезиум легури - Високо легирани сребрени лемови - Меко и тврдо леење - Разни растопувачи и пасти - Ладна и топла метализација, керамизација - Плазма заварување и режење - Производи за жлебење и режење Исто така поседуваме и широка палета на заварување и метализација. За сите дополнителни информации и сугестии Ви стоиме на располагање.
Категорија:Опрема за заварување , Материјали за заварување и лемење
Достапност:Контакт
Продавач:Месер Вардар Техногас
профил на компанијата
Месер Вардар Техногас
- Опис на компанијата:Контакт: 02/2581 380; 075261262. MESSER е име на германска компанија кое повеќе од 100 години се поврзува со индустриски гасови. Messer Group произведува и ги снабдува своите купувачи со кислород, азот, аргон, јаглеродендиоксид, водород, хелиум, инертни гасови за заварување, специјални гасови, гасови за медицинска употреба како и широк спектар на гасни смеши. Месер Вардар Техногас е формирана 1997 год. како фирма ќерка на Messer Group. Во моментов располагаме со погон за производство на јаглероден диоксид лоциран во Меџитлија- Битола, и полнилници за кислород, за јаглродендиоксид, за азот, за аргон и гасни смеши лоцирани во Скопје. Покрај останатата палета на производи и опрема за гасови со која располагаме, произведуваме и сув мраз. Месер Вардар Техногас има продажни места ширум Македонија - во Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Кочани, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.
- Име на контакт лице:Даниела
- Адреса:Istocna industriska zona bb
- Поштенски број:1040
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:071211696
- Телефон #:022581380
- Година на регистрација:1996
- Број на вработени:40
- Локација на мапа:Прикажи