00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Sattwa хидратантно млеко за тело со бадемово масло, камилица и со Д-пантенол


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Хидратантното млеко за тело Sattwa содржи активни состојки од природно потекло кои брзо ја надоместуваат потребната влажност на кожата и истовремено ја негуваат и ја потхрануваат. Особено се препорачува за секојдневна нега на сува и на чувствителна кожа.

    РH-вредноста на млекото е блиска до pH-вредноста на здравата кожа, што, заедно со активните компоненти, дополнително помага во одржување на природниот баланс на кожата и во подобрувањето на нејзината заштитна функција.

    Бадемовото масло е природен извор на витамин Е и на есенцијални масни киселини, а претставува и моќен антиоксиданс којшто ја заштитува кожата од слободните радикали, предизвикани од надворешните негативни влијанија и од стресот. Бадемовото масло со своето емолиентно (омекнувачко) својство ја прави кожата нежна, мазна, мека и еластична. Има својство да создава заштитен филм на кожата и на тој начин ја јакне нејзината одбранбена функција, па нуди дополнителна заштита, особено кај чувствителната кожа.
    Бисабололот (изолирана активна компонента од камилицата) има антиинфламаторни својства (смирувачко дејство), па ја заштитува кожата од појава на иритации и на црвенило.
    Д-пантенолот ја регулира влажноста на кожата обезбедувајќи оптимална хидратација.
  • Категорија:Нега на кожа
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:АЛКАЛОИД AД Скопје е компанија која осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка