00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Becutan шампон за деца со екстракт од овес 200ml


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Благата формулација на новиот Becutan шампон со екстракт од овес и Д-пантенол, претставува вистински одговор на долго поставуваното прашање околку секојдневната употреба на детски козметички препарати. Комбинацијата од внимателно избрани активни компоненти, темелно ја чисти косата и скалпот, додека истовремено ја негува и заштитува кожата на главата. Покрај екстрактот од овес, новиот шампон содржи и Д-пантенол, состојка со изразено хидратизирачко дејство и својството за регулација на влажноста на косата и кожата. Борбата со сувоста и оштетувањето на скалпот, како честа појава особено кај бебињата, поддржана од трендовите кои Becutan со децении ги применува, сега добива додадена вредност. Покрај тоа, Becutan шампонот со екстракт од овес и Д-пантенол ќе стави крај и на маратонските брканици за расчешлување на косата, давајќи ú дополнителна мекост и природен сјај. Не содржи парабени.

    • Не содржи сапун;
    • не содржи алкохол;
    • не содржи парабени;
    • дерматолошки тестиран;
    • со екстракт од овес и Д-пантенол;
    • има приспособена pH вредност.
  • Категорија:Нега на коса
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка