Becutan шампон и пенливо средство за капење 2во1 со масло од лаванда
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Комбинацијата на состојки што го сочинува овој производ овозможува двојно дејство за нега и хигиена на детската кожа и коса. Една од главните состојки е маслото од лаванда. Етеричното масло од лаванда содржи активни ароматични компоненти кои го прават ова масло од непроценлива вредност за одржување на здравјето, убавината и добрата состојба на организмот. Бенефитите од неговата употреба се далеку познати и со долгогодишна традиција.
Маслото од лаванда длабински и нежно ја чисти и негува нежната детска коса правејќи ја мека, сјајна и лесна за расчешлување. Дополнително овој производ содржи регенератор кој го надополнува ова дејство. Карактеристичниот релаксирачки мирис на маслото го прави овој производ да биде особено погоден за вечерното капење и добар сон. Исто така благопријатно делува и ја негува чувствителната детска кожа. Збогатен е и со Д-пантенол ,состојка која учествува во процесот на регулирање на влажноста на косата и кожата.
• Не содржи парфем;
• не содржи боја;
• не содржи парабени;
• производот е дерматолошки тестиран;
• збогатен со Д-пантенол.

Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи