00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

SENSILIS® LIPCARE стикови и путери за нега на усни


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:НОВА КОЛЕКЦИЈА ЗА УСНИ- SENSILIS® LIPCARE СТИКОВИ И ПУТЕРИ ЗА НЕГА НА УСНИ, ВО 5 ПРЕКРАСНИ ВКУСОВИ.
    Колекција збогатена со природно кокосово масло кои ги негува усните, им ја враќа природната влажност и ги штити од секојдневните неповолни влијанија.
    WINTER FRESH, SUMMER CARE, FRUITY SHINE STRAWBERRY, FRUITY SHINE CHERRY, INTENSIVE CARE.

    Стиковите за нега на усни се практичен и вистински избор за секојдневна хидратација и нега. Путерот за нега на усни поседува висока хранлива моќ, има богата и мека структура и остава дополнителен заштитен слој на усните, особено доколку имате чувствителни или суви и испукани усни. Изберете стик или путер Winter Fresh за освежителен ефект и природен изглед, без дополнителен сјај. Summer Care за СПФ заштита од штетните УВ зраци. Fruity Shine- цреша и јагода за усни меки како свила, дополнителен сјај и природна и нежна боја. Intensive Care со билни екстракти за интензивна нега на чувствителни усни, особено при неповолни и променливи временски услови.

    ***Нешто ново и за посилниот пол: SENSILIS® LIP CARE WINTER FRESH стик и путер за усни
  • Продавач:Галафарм
  • Земја на потекло:Македонија
  • профил на компанијата

    Галафарм

    • Опис на компанијата:ГАЛАФАРМ е македонска фармацевтска компанија чија основна дејност е производство и продажба на фармацевтски и козметички производи. Лоцирана е на производствена површина од 2500м², и опремена со современа технологија, и производство во чиста средина се со цел да се овозможи најдобар квалитет за нашите производи. Сите производствени процеси се надгледувани од високо едуцирани луге кои секојдневно го применуваат своето знаење и искуство. Креиравме бизнис ориентиран кон потрошувачот и поседуваме ISO 9001:2008 сертификат од 2003 година.Компанијата е изградена, дизајнирана, и опремена во согласност со барањата на Добрата Производствена Практика водич што ги утврдува аспектите на производство што би влијаеле на квалитетот на производот. Нашата компанија е фокусирана и на странските пазари и моментално врши извоз на производи во многу соседни и подалечни земји. Во 2003 Галафарм се прошири и надвор од границите на Македонија со отварање на нова компанија со сопствено складиште во соседната земја Србија. Денес Галафарм ДОО Белград е успешна компанија со повеќе вработени. Галафарм е подготвен за партнерства и нови можности за нашите производи во странски пазари. Македонија се наоѓа во центарот на Европа и нејзината положба ја прави идеален транзит и дистибиционен центар за производи на Европскиот пазар. Географската близина на овие пазари дозволува ниски дистрибутивни трошоци и навремена испорака од Македонија. Галафарм ги извезува своите производи во следниве земји: Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија, Косово, Хонг Конг. За овие земји Галафарм има ексклузивни застапници кои ги дистрибуираат производите на овие пазари.
    • Име на контакт лице:Сектор Маркетинг и продажба
    • Адреса:ул.51 бр.23, Стопански двор, с.Волково
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:022050800
    • Факс #:0202 2050989
    • Локација на мапа:Прикажи



    022050800

    корисничка поддршка