Опис на компанијата:ГАЛАФАРМ е македонска фармацевтска компанија чија основна дејност е производство и продажба на фармацевтски и козметички производи. Лоцирана е на производствена површина од 2500м², и опремена со современа технологија, и производство во чиста средина се со цел да се овозможи најдобар квалитет за нашите производи. Сите производствени процеси се надгледувани од високо едуцирани луге кои секојдневно го применуваат своето знаење и искуство. Креиравме бизнис ориентиран кон потрошувачот и поседуваме ISO 9001:2008 сертификат од 2003 година.Компанијата е изградена, дизајнирана, и опремена во согласност со барањата на Добрата Производствена Практика водич што ги утврдува аспектите на производство што би влијаеле на квалитетот на производот. Нашата компанија е фокусирана и на странските пазари и моментално врши извоз на производи во многу соседни и подалечни земји. Во 2003 Галафарм се прошири и надвор од границите на Македонија со отварање на нова компанија со сопствено складиште во соседната земја Србија. Денес Галафарм ДОО Белград е успешна компанија со повеќе вработени. Галафарм е подготвен за партнерства и нови можности за нашите производи во странски пазари. Македонија се наоѓа во центарот на Европа и нејзината положба ја прави идеален транзит и дистибиционен центар за производи на Европскиот пазар. Географската близина на овие пазари дозволува ниски дистрибутивни трошоци и навремена испорака од Македонија. Галафарм ги извезува своите производи во следниве земји: Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија, Косово, Хонг Конг. За овие земји Галафарм има ексклузивни застапници кои ги дистрибуираат производите на овие пазари.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје