00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Букмарк Раскажи ми приказна


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Вашиот импакт со купување на ЛИЦЕВЛИЦЕ СЕНС производите:
    - станувате активен чинител во развојот на социјалната економија во земјава
    - ги поддржувате инклузивните програми наменети за продавачите на „Лице в лице“ и за други ранливи сограѓани
    - практикувате одржливи решенија: домашни производи од 100% рециклирана хартија
    - се вклучувате во движење за одговорна иднина

    Сет: Букмарк
    Дизајн: Зоран Инадески
  • Категорија:Моливи , Тефтери
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Лице в лице
  • профил на компанијата

    Лице в лице

    • Опис на компанијата:„Лице в лице“ е улично списание за одржлив развој, единствено во земјава. Излегува од септември 2012 година, и е меѓу пионерските социјални претпријатија во земјава. Продавачи на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. Половина од сумата на списанието (кое чини 100 денари) е директно за продавачот, а останатата половина се гради систем за нивна поддршка (за печатење и за активности кои го подобруваат животот на ранливите групи кои се вклучени во продажбата). Промовирајќи го моделот на социјално претприемаштво, списанието врши двојна улога – ги засилува ранливите категории граѓани, но, и ја подигнува јавната свест за прашања што нѐ засегаат сите нас – одржлив развој, социјална економија, социјална вклученост, социјална политика, демаргинализација на групи и на поединци, образование, еколошка свест, културен развој, активизам во уметноста и во културата, општествена одговорност, волонтерство, кои се и дел од темите што се во фокусот на интерес на списанието. Списанието излегува еднаш на два месеци, на 64 страници во боја. Содржината на магазинот, во најголем дел, ја создава тим на волонтери, како и поддржувачи на мисијата на списанието. „Лице в лице“ е член и на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП) со седиште во Глазгов.
    • Име на контакт лице:Лице в лице
    • Адреса:Орце Николов 93/5
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 2466444
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:40 ден.

    Молив

    Цена со ДДВ:30 ден.

    Букмарк Night shift

    4%заштеда
    Цена со ДДВ:950 ден. 910 ден.

    Едиција: родителство




    022466444

    корисничка поддршка