00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

ДАРК - Темно чоколадо


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:"ДАРК" - темно чоколадо со 60% какао делови и "ДИЕТ" - темно чоколадо со минимум 46% какао делови кои со својот специфичен горко - сладок вкус, топејќи се бавно во вашата уста Ви овозможуваат максимално задоволство и уживање.

    "Дарк" и "Диет"чоколадата се препорачуваат за сите генерации како резултат на изобилството корисни состојки за здравјето.

    Какаовото масло бидејќи е од растително потекло го намалува лошиот, а го зголемува добриот холестерол. Исто така изобилува со антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали, предизвикувачи на болести. Од многуте корисни состојки пред се би ги истакнале:
    високо ниво нафлавонид кој позитивно влијае на срцето и крвните садови;
    катехини - ја зголемуваат отпорноста кон дегенеративните болести како што се канцер и срцеви болести;
    фенилетиламин и сератонин кои на природен начин придонесуваат за подобро расположение;
    минерали меѓу кои фосфор, магнезиум, железо и калиум.

    "ДИЕТ"- темно чоколадо наместо шеќер, содржи инулин и фруктоза. Слободно можат да го конзумираат и луѓето со дијабетес.

    Фруктозата е природен шеќер кој го има во плодовите на сите овошја и за разлика од сахарозата не го покачува нивото на гликоза во крвта.

    Инулинот е фруктоолигосахарид, не се метаболизира во дигестивниот систем и е корисен за цревната микрофлора. Исто така ја зголемува ресорпцијата на калциумот од цревата.
  • Категорија:Слатки
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Витаминка
  • Земја на потекло:Македонија
  • профил на компанијата

    Витаминка

    • Опис на компанијата:"Витаминка" е целосно приватизирана компанија, со процес завршен во 1999 год. Доминантниот пакет на акции се наоѓа во помала група на вработени во компанијата. Процесот на концентрацијата на акциите продолжува. По нашиот слоган "Свет на вкусови", по производната програма со широка лепеза на вкусови (слатки и солени, и кисели и лути), по програмите на производството на производи за предјадења, и за појадења, по додатоците за јадењата, по десертите, по производите за ужина, по производната програма за сите возрасти на населението, светот се повеќе не препознава, со основна стратегија да тоа и натаму се повеќе го шириме и потврдуваме, кај се' поиширока група на потрошувачи низ светот. "Витаминка" нема групи на производи посебно наменети за домашниот а посебно за странските пазари. На квалитетот на производството подеднакво се приоѓа без разлика на тоа за каде е наменето. Клучната стратегија на компанијата е да во иднина се' повеќе излегува на светските пазари со целокупната своја производна прогрма, која стратегија од година во година се повеќе и повеќе дава високо' позитивни резултати. Мали сме како фирма, но големи по знаење, со големи и рални желби но и упорност за континуиран развој, и за постојано ширење на пазарите ширум светот.
    • Име на контакт лице:Тања
    • Адреса:Леце Котески 23
    • Поштенски број:7500
    • Град:Прилеп , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 48 407407
    • Факс #:00 389 (0) 48 407452
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи



    048407407

    корисничка поддршка