Опис на компанијата:"Витаминка" е целосно приватизирана компанија, со процес завршен во 1999 год. Доминантниот пакет на акции се наоѓа во помала група на вработени во компанијата. Процесот на концентрацијата на акциите продолжува. По нашиот слоган "Свет на вкусови", по производната програма со широка лепеза на вкусови (слатки и солени, и кисели и лути), по програмите на производството на производи за предјадења, и за појадења, по додатоците за јадењата, по десертите, по производите за ужина, по производната програма за сите возрасти на населението, светот се повеќе не препознава, со основна стратегија да тоа и натаму се повеќе го шириме и потврдуваме, кај се' поиширока група на потрошувачи низ светот. "Витаминка" нема групи на производи посебно наменети за домашниот а посебно за странските пазари. На квалитетот на производството подеднакво се приоѓа без разлика на тоа за каде е наменето. Клучната стратегија на компанијата е да во иднина се' повеќе излегува на светските пазари со целокупната своја производна прогрма, која стратегија од година во година се повеќе и повеќе дава високо' позитивни резултати. Мали сме како фирма, но големи по знаење, со големи и рални желби но и упорност за континуиран развој, и за постојано ширење на пазарите ширум светот.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје