00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Валериан микс - чај за смирување


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Чајна мешавина од корен од валеријана, лист од нане, маточина и жолт канатрион. Се препорачува за ублажување на психичката напнатост, при стресни состојби, вознемиреност, надразнетост, замор и за подобар сон. Сите компоненти на мешавината имаат седативно дејство и синергистички дејствуваат, предизвикувајќи силен ефект на смирување. Се препорачува да се користи 2 пати во тек на денот, пред оброк. Потребна е особена внимателност кај возачи на моторни возила и управувачи со машини, бидејќи чајот може да предизвика сонливост. Со користење на чајот Валериан - микс не се создава зависност од негова употреба. Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Достапен е во пакувања: филтер - кесички 20 х 2 g, 100 g
  • Категорија:Чаеви
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка