Имелглог микс - чај за намалување зголемен крвен притисок
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Чајна мешавина од бела имела, лист, цвет и плод од глог, плод од шипка, корен од валеријана, маточина и коњски опаш. Се препорачува за намалување на зголемениот крвен притисок, за намалување едеми, за смирување на состојби на вознемиреност кои предизвикуваат зголемување на крвниот притисок, за подобрување на работата на срцето, како резултат на регулирање на крвниот притисок. Се препорачува да се пие неколку пати на ден, пред оброк. Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Достапен е во пакувања: филтер - кесички 20 х 2 g, 100 g
Категорија:Чаеви
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи