Овошен чај аронија со брусница ФИЛТЕР ДУПЛЕКС 20 Х 2 G
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Уште повеќе антиоксиданси и уште поголемо освежување! Во потрага по чајна мешавина која, бездруго ќе биде најбогата со единствените антиоксиданси по својата вредност, создадовме комбинација на двата најмоќни извори на вакви компоненти. Го создадовме новиот производ во палетата овошни чаеви GOOD NATURE - аронија со брусница! И двата плода се извор на антоцијани, флавоноиди, микроелементи и на други материи полезни за човековиот организам. Плодовите од аронија уште одамна го привлекоа вниманието на научниците, пред сè поради нивната темносина боја, која се должи на исклучително високото присуство на пигменти, наречени антоцијани. Токму антоцијаните се компоненти со силна антиоксидативна активност и во плодовите на аронијата се присутни во најголеми количини, повеќе отколку во кој било друг плод. Овие плодови имаат докажано позитивно дејство врз намалување на нивото на шеќер во крвта, регулирање на метаболизмот на мастите, подобрување на циркулацијата и врз намалување на можноста од срцеви заболувања. Брусницата е плод кој, исто така, изобилува со антиоксиданси, но и со компоненти кои превенираат воспаленија на мочните патишта. Избалансираната мешавина од аронија и од брусница, во која е додаден и плод од јаболко, пред сè е освежителен напиток со пријатно киселкав вкус, во којшто со задоволство ќе уживате, но и ќе си обезбедите подобро здравје. Ве покануваме на шолја полна природа, на шолја полна здравје! Аронија со брусница е правиот избор за сите љубители на добар и на вистински освежителен чај.
Категорија:Чаеви
Достапност:Контакт
Продавач:Алкалоид АД Скопје
профил на компанијата
Алкалоид АД Скопје
- Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
- Име на контакт лице:Продажба
- Адреса:бул.Александар Македонски 12
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:023104000
- Факс #:023104014
- Локација на мапа:Прикажи