00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

ТАВАНСКИ Безшумен систем


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Системот за звучна изолација на тавани ТАВАНСКИ Безшумен систем е високоефикасен систем погоден за средни и високи нивоа на звук од воздушна бучава.

    Разработен е со цел да го намали преминувањето на звук во станбени и канцелариски објекти, каде основните извори на шум се луѓе, музички системи, телевизори и домашни миленичиња (воздушен шум). Дебелината на системот е 8-10сm.

    Една од основните предности на системот е размерот на панелите за звучна изолација, кои што се така проектирани да преку својата геометрија го повишуваат квалитетот на звучна изолација, за сметка на тежината, кое е основен фактор за постигање на ефект при намалувањето на шумот. Сите панели во системот за пригушување на звук ТАВАНСКИ Безшумен систем се одделуваат еден од друг со посредство на специјални меки ленти, со цел редукција на преминувањето на звучните вибрации. Периметарот на просторијата (таму каде панелите се потпираат на ѕидовите) исто така се третира со меки акустични ленти. За завршување на системот се користи достапен и широко распространет материјал гипс-картон, кој се монтира пак на конструкција, директно за ТАВАНСКИ Безшумен системот и таванот да можат да се шпаклуваат, бојадисаат или третираат по сопствена желба.

    Опис на системот:

    Ѕид од керамички блок;
    Вибро држач ПИ-мини;
    Акустична плоча;
    Л/Д дихтон трака;
    Носечка конструкција;
    Т10 фоноапсорпциска плоча;
    Акустична мембрана;
    Акустична мулти-ф плоча;
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Л-Децибел
  • профил на компанијата

    Л-Децибел

    • Опис на компанијата:Л-Децибел е македонска компанија која врши комплетен инженеринг за звук и акустика. Работиме активно на македонскиот пазар, а на своите клиенти им нудиме професионален пристап и третман на нивните проблеми поврзани со звукот и акустиката. Компанијата зад себе има реализирано многубројни проекти за јавни институции, приватни компании и клиенти. Л-Децибел работи по современи методи преку соодветна и професионална- високо технолошка опрема. Работиме во насока на подигнување на нивото на нормативите што ја уредуваат заштитата од бучава. Нашата мисија е да бидеме подобри во понатамошниот развој и целиме кон објективност и чесност со нашите клиенти. Секојдневно ги следиме најновите светски достигнувања во изработката на квалитетни изолациски материјали, ја следиме напредната технологија за намалување на бучавата и се трудиме да излеземе во пресрет на барањата на нашите клиенти, а се со цел да им овозможиме што поголема удобност, мир и спокој во нивниот дом, работно место и сл. За нашите клиенти се грижи тим од професионалци во својата област!
    • Име на контакт лице:Л-Децибел
    • Адреса:Мајски Манифест 10/1
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:070344836



    070344836

    корисничка поддршка