00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Комбиниран котел Bisolid Saver C


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот: Котлите Bisolid Saver C се опремени со дополнителна предна врата, горилник на пелети и контролна табла. Преминот од користење на котелот на дрва кон употреба на пелети и обратно, е многу лесен и брз (помалку од една минута). Bisolid Saver C користат дрвени пелети Ø6-8mm, категорија EN plus A1.

    Поголемата ефикасност во споредба со котлите на цврсто гориво на конкуренцијата, се постигнува благодарение на челичниот, тропромаен изменувач на топлина, кој завршува со два цевни “снопа” (поглема површина на изменувачот).
    Предности:
    • можност за употреба на дрва за огрев со должина до 400mm и на одредени видови на агро-отпадоци: дрвени остатоци од шумарска или земјоделска дејност (гранки од овошни дрвја, кочани од пченка и сончоглед, лозови гранки), индустриски дрвни отпадоци (кора, даски и сл.), дрвени отпадоци во градежништвото, брикети и јаглен;
    • зголемен простор на ложиштето за полнење со гориво, кој обезбедува подолго време на работа помеѓу две последователни полнења;
    • во стандардната испорака на котелот, се наоѓа и термостатски регулатор на промаја, наменет за автоматско регулирање на количината на воздух за согорување, обезбедувајќи максимално искористување на горивото, економичност при работа, како и регулирање на топлинската моќност;
    • исклучително погоден и лесен за инсталација, одржување и сервис;
    • горилниците за пелети Bisolid се целоцно автоматизирани - палење, следење на пламенот, дувањето во комората за согорување. Имаа интуитивен LCD екран за лесна работа;
    • автоматското подесување на воздухот и горивото во согласност со избраната температура од корисникот, обезбедува висока ефикасност на уредот, при минимално потрошувачка на гориво;
    • челичната комора за согорување, која е отпорна на високи температури, осигурува сигурно и долготрајно согорување;
    • автоматската регулација на процесот на согорување, го намалува бројот на исклучувања и стартувања, со што значително се намалува потрошувачката на гориво и електрична енергија;
    • широк избор за прилагодување на температурата на носителот на топлина;
    • можност за регулација на работата со собен термостат или неделен термостат со опција за програмирање;
    • контрола на циркулационата пумпа според температурата на носителот на топлина;
    • тивка работа и мала потрошувачка на електрична енергија;
    • можност за контрола на вентилаторот за издувни гасови, со што се елиминира проблемот со потребната промаја во оџакот и се гарантира сигурна работа на уредот;
    • заштита од проширување на оган кон резервоарот за пелети, како и заштита од замрзнување на носителот на топлина;
    • можност за стартување и стопирање со употреба на GSM модул - опционо.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Јоки
  • профил на компанијата

    Јоки

    • Опис на компанијата:“JOKИ” e развојно ориентирана компанија, со широк асортиман на производи, основана во 1999 година во Скопје, која се занимава со трговија на големо и мало со сите видови на топловодно греење, соларна енергија, климатизација и водовод. Основен приоритет на компанијата е унапредување и подобрување на квалитетот на работењето и зголемување на одговорноста, што претставува клуч на нашиот успех и темел на нашиот раст и развој. Нашата компанија соработува со голем број на странски фирми и е директен/ексклузивен увозник на нивните производи. Во продолжение Ви претставуваме дел од нив: - “Viadrus” Чешка (производител на гусени котли на цврсто и течно гориво); - "WILO SE" Germany - еден од водечките производители на пумпи и пумпни системи за греење, ладење, климатизација, снабдување со вода и одвод на отпадна вода - “Radijator inženjering” Србија (производител на котли на цврсто гориво); - “FBC Majdanpek” Србија (производител на бакарни цевки); - “Airfel” Turkey (производител на панелни радијатори); - “Ekopan” Србија, (производител на електрични котли); - “Thermal trend” Czech Republic (фабрика за производство на елементи за затоплување на бањи); Долгогодишното искуство, стекнатата доверба во земјата и странство, воспоставените коресподентски односи со своите клиенти, добро обучениот и професионален кадар, јасната визија и стратегија на менаџментот, се реална основа дека “JOKИ” ќе го задржи трендот на раст, квалитет и успешност во работењето.
    • Име на контакт лице:Бранкица
    • Адреса:ул.36 бр.2А
    • Поштенски број:1041
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:022550118
    • Факс #:022550119
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи



    022550118

    корисничка поддршка