ТЕЧЕН ТЕФЛОН - ИНДУСТРИСКИ ЛЕПИЛА ЗА ЦЕВНИ НАВОИ - SONLOK 3555
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:ТЕЧЕН ТЕФЛОН - ИНДУСТРИСКИ ЛЕПИЛА (ЛЕПАЦИ) ЗА ЦЕВНИ НАВОИ - SONLOK 3555 наменет е за заптивање на цевни навојни споеви којшто ја заменува и дава многу подобри резултати во заптивањето од класичната тефлон трака. Производот е изработен во прецизно балансиран однос тефлон + лепило (лепак) што на истиот му дава повеќе предности: Одлично заптивање на течности и гасови; Овозможува лесна монтажа и демонтажа; Се користи на сите димензии; Веднаш по монтажата заптива притисок до 7 bar; Прецизно и лесно се нанесува; Отпорен е на температури до 1500С. Кај цевните навои со помали димензии до 1½ се нанесува на половина круг, а за поголеми димензии потребно е да се нанесе цел круг на првите 3 до 4 навои. По монтажата визуелно да се провери дали има бела линија од заптивката по целиот обем на спојот. Вишокот треба да се избрише. Пакување: 50 ml.
Достапност:Има залиха
Продавач:М.Х.П. Сеал Енгинееринг
Земја на потекло:САД
профил на компанијата
М.Х.П. Сеал Енгинееринг
- Опис на компанијата:Компанијата М.Х.П. СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ е основана во 2004 година со седишта во Скопје и Белград, а од неодамна и во Лудбрег, Р.Хрватска. Наш принципал е A.W.CHESTERTON International Inc, USA за кого сме и генерални дистрибутери за териториите на Р.Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Со цел да се одговори на сите потреби на клиентите, МХП СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ ги застапува и следните компании: KTR-GmbH, Pulsarlube-USA, Parson Adhesives-USA, IBS Scherer-GmbH, AesSeal-UK и многу други. На нашите клиенти им нудиме високо технолошки решенија и производи во повеќе области на индустриска примена кои се резултат од експертските знаења на нашите партнери и локалниот сервис и поддршка од страна на МХП СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ. Палетата на производи која ја нудиме е со докажан и загарантиран квалитет, а тоа го потврдува фактот што нашиот принципал A.W.CHESTERTON со своето 125 годишно искуство во индустријата е водечки светски производител на заптивни системи за индустриски флуиди, високо-технолошки полимерни материјали, специјална хемија за индустриско и процесно чистење и одмастување, специјални масти и масла за подмачкување и наменски производи за заштита на деловите од агресивни индустриски влијанија. Во рамките на нашата компанија функционира и малопродажба, во којашто на лагер во разни димензии можете да најдете заптивки за хидраулика и пневматика, радијално-осовиниски заптивки – семеринзи, О-прстени, механички заптивачи, како и рамни заптивни безазбестни табли (клингерит), плетеници за пумпи, плетеници за високи температури, технички производи, индустриски лепила и др. производи коишто се застапени во секоја индустрија.
- Име на контакт лице:Александар
- Адреса:ул. Перо Наков бр. 1, ЖАС
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:00 389 (0)2 3217 073; Продавница: 00 389 (0)2 3109 418;
- Факс #:00 389 (0)2 3217 079
- Локација на мапа:Прикажи