00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

ИНДУСТРИСКИ ЛЕПИЛА (ЛЕПАЦИ)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Parson Adhesives е еден од водечките светски производители на индустриски лепила(лепаци). Истите наоѓаат широка примена во сите индустрии и тоа автомобилската, металургијата, градежништво, прехранбена и тоа како во процесот на производство така и во процесот на одржување. Лепила кои најчесто се користат од програмата на Parson Adhesives: _____________________________________________________ * SONLOK 3555 - Течен тефлон наменет е за заптивање на цевни навојни споеви. Производот е изработен во прецизно балансиран однос тефлон + лепило (лепак) што овозможува истото да има одлични заптивни карактеристики, а истовремено заптиениот спој лесно да се демонтира. _____________________________________________________ * SONLOK 3242 - Средно демонтажно, брзозацврстувачко анаеробно лепило (лепак) кое се користи за осигурување (лепење) од самоодвртување и заптивање на навојни споеви. Навојниот пар осигуран со овој производ е отпорен на дејство на засилени вибрации, удари, вода, масло и други хемикалии. _____________________________________________________ * SONLOK 3271 - Тешко демонтажно, брзозасцврстувачко анаеробно лепило (лепак) за осигурување од самоодвртување (одштрафување) на завртки, навртки, брезони и други навојни приклучоци. Навојниот пар осигуран со овој производ е отпорен на дејство на засилени вибрации, удари, вода, масло и други хемикалии. _____________________________________________________ * SONLOK 3609 - Брзозацврстувачко анаеробно лепило (лепак) со средна сила за фиксирање на лежишта, чаури и други цилиндрични делови и тоа како на осовините така и во куќиштата. Цилиндричниот спој остварен со овој производ нема да проврти и е отпорен на дејство на засилени вибрации, удари, вода, масло и други хемикалии. _____________________________________________________ * PARFIX 3412 - Супер лепак (супериорно лепило) за лепење на делови изработени од истородни или разнородни материјали како што се гума, пластика, метал, дрво итн. При спојувањето деловите треба да бидат поставени на минимално растојание. Овој производ дозволува позиционирање на деловите пред да започне процесот на зацврстување.
  • Достапност:Има залиха
  • Земја на потекло:САД
  • профил на компанијата

    М.Х.П. Сеал Енгинееринг

    • Опис на компанијата:Компанијата М.Х.П. СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ е основана во 2004 година со седишта во Скопје и Белград, а од неодамна и во Лудбрег, Р.Хрватска. Наш принципал е A.W.CHESTERTON International Inc, USA за кого сме и генерални дистрибутери за териториите на Р.Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Со цел да се одговори на сите потреби на клиентите, МХП СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ ги застапува и следните компании: KTR-GmbH, Pulsarlube-USA, Parson Adhesives-USA, IBS Scherer-GmbH, AesSeal-UK и многу други. На нашите клиенти им нудиме високо технолошки решенија и производи во повеќе области на индустриска примена кои се резултат од експертските знаења на нашите партнери и локалниот сервис и поддршка од страна на МХП СЕАЛ ЕНГИНЕЕРИНГ. Палетата на производи која ја нудиме е со докажан и загарантиран квалитет, а тоа го потврдува фактот што нашиот принципал A.W.CHESTERTON со своето 125 годишно искуство во индустријата е водечки светски производител на заптивни системи за индустриски флуиди, високо-технолошки полимерни материјали, специјална хемија за индустриско и процесно чистење и одмастување, специјални масти и масла за подмачкување и наменски производи за заштита на деловите од агресивни индустриски влијанија. Во рамките на нашата компанија функционира и малопродажба, во којашто на лагер во разни димензии можете да најдете заптивки за хидраулика и пневматика, радијално-осовиниски заптивки – семеринзи, О-прстени, механички заптивачи, како и рамни заптивни безазбестни табли (клингерит), плетеници за пумпи, плетеници за високи температури, технички производи, индустриски лепила и др. производи коишто се застапени во секоја индустрија.
    • Име на контакт лице:Александар
    • Адреса:ул. Перо Наков бр. 1, ЖАС
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0)2 3217 073; Продавница: 00 389 (0)2 3109 418;
    • Факс #:00 389 (0)2 3217 079
    • Локација на мапа:Прикажи



    02321707300389023109418

    корисничка поддршка