00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Машински глет малтер Кнауф MP 75


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Малтерите се фабрички подготвени и се испорачуваат во вреќи во прашкаста состојба. На градилиште машински се мешаат со вода и се нанесуваат на ѕидот или таванот, со што се постигнува голема брзина на работа. Модерната машинска техника овозможува беспрекорен и непрекинат тек на малтерисување и одлична компактност на површината. Лесната обработливост ги прави погодни и за големи и специфични површини. Малтерот машински се шприца под притисок и на тој начин се постигнува одлична врска со подлогата. Се нанесува еднослојно, во хоризонтална насока, од горе кон долу. Саканата дебелина на малтер се постигнува со развлекување на материјалот со т.н. профилна летва. Потоа површината се извлекува со трапезна летва со што се добива рамна површина. Откако гипсениот малтер хемиски ќе се врзе со водата, површината лесно се навлажнува и се филца со кружни движења со сунѓереста папуча. Со тоа се врши фино распределување на малтерот. Конечно, пред да стврдне, малтерот се глетува со што се добива мазна површина, која по сушењето е спремна за молерисување. Целата постапка трае 3,5 до 4 часа. Времето помеѓу поединечните фази на работа зависи од условите: од подлогата, од температурата, проветреност на просторијата и сл.
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Пресинг
  • Земја на потекло:Германија
  • профил на компанијата

    Пресинг

    • Опис на компанијата:Продажба и монтажа на системи за сува грдба „ Кнауф “
    • Име на контакт лице:Стефко Ѓоргиевски
    • Адреса:Новачки пат б.б.
    • Поштенски број:7000
    • Град:Битола , Македонија
    • Мобилен #:070/311-483
    • Телефон #:047/240-163
    • Факс #:047/240-163
    • Година на регистрација:2003
    • Број на вработени:2
    • Локација на мапа:Прикажи



    047240163

    корисничка поддршка