00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

СОВЕТИ ЗА КУПУВАЧИТЕ И ПРОДАВАЧИТЕ

ЗА КУПУВАЧИТЕ

Совети при купување

Како се купува на MarketKonekt?

- MarketKonekt е посредник помеѓу продавачите и вас. Преку сајтот го наоѓате производот што ви треба и го купувате од продавачот - брзо, лесно и удобно. За да купувате треба да се регистрирате и да го следите процесот на купување (за детали погледнете го следново упатство).

Како најлесно и најбрзо да го најдете потребниот производ?

- Најбрзиот начин е да го користите полето за пребарување. Доволно е да впишете група на производи (пр. ташна) или конкретен тип (пр. чанта за лаптоп) и ќе добиете резултат со сите соодветни понуди.

- Производите може да ги најдете и во некоја од над 1.000-те категории - деталната категоризација ви користи за да добиете што е можно повеќе резултати (пр. категоријата багаж, торби и куфери го содржи целиот избор на ташни и чанти).

- Резултатите може да ги филтрирате (на пр. само производи на попуст), и да ги подредувате (на пр. од најниска до највисока цена)

- Не заборавајте - со MarketKonekt наоѓате производи и од фирми во Србија, Бугарија и Албанија.

- Ако ви треба специфичен или производ кој во моментот не е објавен на сајтот упатете барање за понуда до сите соодветни фирми. Набрзо ќе добиете неколку понуди за тоа што ви треба.

Како да платите и да го превземете производот?

- Откога сте го нашле производот избирате еден од начините на плаќање и достава што ги понудил продавачот.

- Кога сте одлучиле какво плаќање/достава ви одговара, го нарачувате производот од продавачот, а тој ви ја потврдува нарачката. Целиот процес е автоматизиран - праќате и примате едноставни e-mail пораки со детални инструкции околу плаќањето и доставувањето.

- Продавачот нема право да ги менува начините на плаќање/достава што ги објавил на MarketKonekt. Ако се случи да ви побара друг начин ве молиме да не известите.

- Кога вие ја потврдувате нарачката се обврзувате да го купите производот според условите што сте ги договориле со продавачот. Ве молиме да се придржувате кон договорот, и да ги следите инструкциите што ќе ви бидат пратени по e-mail.

- Пред да започнете со купување кликнете тука и погледајте го упатството со детални чекори низ процесот на плаќање и превземање.

Што е важно кога купувате?

- Информирајте се пред да одлучите дали и како да купите. Прочитајте го добро описот на производот, цената и опциите за плаќање/превземање, и делот со останати информации. Сепак нешто не ви е јасно? Тогаш прашајте го продавачот што конкретно ве интересира; сите продавачи на MarketKonekt најчесто детално и многу брзо одговараат на прашањата.

- При купување преку плаќање и превземање на продажно место, продавачот го резервира вашиот производ откога ќе ви ја потврди нарачката. Треба да го платите/превземете во рок од 2 работни дена, освен ако продавачот не го пролонгира. По овој рок можеби производот нема да е достапен. Не заборавете да ја понесете потврдата на нарачката од продавачот што ќе ја добиете на е-маил (на вашиот мобилен телефон или во печатена верзија).

- Секогаш кога купувате со достава на производот “на врата” внимателно прочитајте ја потврдата на вашата нарачка. Ќе ја добиете од продавачот на ваш e-mail, а во неа ќе ја има цената на производот и цената на доставата, и рок во кој ќе ви биде испорачан. Ако се прифатливи за вас тогаш одговорете во рок од 24 часа. Во спротивно (без ваш одговор) ќе се смета дека ја прифаќате нарачката и го потврдувате купувањето.

- Кога избирате плаќање пред/при достава следете ги инструкциите во e-mail потврдата од продавачот. Плаќањето пред достава го вршите на жиро-сметка на продавачот во рок кој е наведен. Плаќањето при испорака го плаќате на дистрибутерот или курирската служба на продавачот - треба да платите во кеш (не може да користите платежна картичка).

- Ако доставата на производот доцни, контактирајте го продавачот (негова обврска и интерес е да ги почитува роковите и веднаш да реагира при евентуално пролонгирање). Во случај кога за производот сте платиле пред испорака, а тој и по контактот со продавачот не ви е доставен, обратете се до нас. За такви случаи MarketKonekt ви обезбедува заштита со враќање на дел од износот што сте го платиле (за заштитата прочитајте повеќе тука).

- Кога го добивате пакетот (при купување со достава) проверете го производот. Ако се е во ред ви преостанува само да го оцените продавачот - едноставно, со клик на одговор на e-mail што ќе ви биде испратен. Ако производот е оштетен или различен од нарачаниот веднаш контактирајте го продавачот, и тоа преку MarketKonekt (така сте сигурни дека продавачот ќе го добие вашиот e-mail). Објаснете го проблемот и предложете го начинот на решавање што ви одговара, на пр. враќање на платениот износ или замена со друг производ. Во овој случај ќе ви помогне да го фотографирате производот при прием и да му ја испратите фотографијата на продавачот. Сите продавачи на MarketKonekt се обврзани да решат евентуални проблеми при купувањето на најдобар можен начин.

- Оценете го производот по купувањето. Вашите и оценките на сите останати купувачи се мерило за задоволството и довербата во продавачот. Оценувањето се објавува на сајтот, и вам и на останатите ви помагаат да одлучите од кого ќе купите во иднина.

- Низ целиот процес на купување следете ги инструкциите што ги добивате преку MarketKonekt. Ги добивате на ваш e-mail и содржат едноставни и прецизни детали што мошне лесно се следат. А за помош може да ни се обратите и на  или на тел. 02/3177 888.

- Користете го MarketKonekt за сите контакти со продавачите. Системот на комуникација е автоматизиран и пораките веднаш се препраќаат до проверени адреси. Цело време сте во директен контакт со надлежно лице за продажба на продавачот. Пораките се чуваат на сајтот и преку опцијата Мои пораки во секое време може да ги прегледате.

Може ли да го откажете купувањето?

- Да, се додека не ви е побарана потврда на нарачка на производот што ќе ја добиете на e-mail. Откога ќе потврдите се обврзувате дека ќе купите, и потоа не е можно да ги менувате условите на купување.

- Доколку од оправдани причини мора да го пролонгирате плаќањето или превземањето на производот, веднаш контактирајте го продавачот. Тој веројатно ќе го прифати одложувањето - сепак, единствен сигурен начин да го добиете производот е да ги следите договорените услови. И ве молиме да пролонгирате купување само во исклучителни случаи.

Иако сте нарачале, продавачот не ви се јавува?

Секој продавач е обврзан да ви одговори на нарачката во рок од 3 работни часа. Ако тоа не се случи може да дадете негативна оцена за неговиот производ, со што:

- Ги информирате останатите потенцијални купувачи дека тој не е од доверба.

- Продавачот ќе биде санкциониран ако не го промени однесувањето кон купувачите.

Како да го оцените производот?

- Оценувањето е едноставно - ќе добиете e-mail со потсетување.

- Ве молиме да дадете објективна оцена, бидејќи таа се препраќа до сите идни купувачи со што им помагате при изборот.

- Ако неоправдано производот го оценувате негативно, тој може да побара поништување на вашата оцена. MarketKonekt има автоматизиран систем на следење на нарачки/одговори, и евентуалните забелешки на продавачот може да се уважат.

Продавачот одбива да го достави производот или да реши проблем со купувањето?

- За вакви ситуации предлагаме да прочитате за Заштита на купувачите на MarketKonekt.

- Ако сеуште имате прашања при решавање на спорни ситуации може да ни се обратите за помош на  или на тел. 02/3177 888.

 

ЗА ПРОДАВАЧИ

Совети за успешно продавање 

За да успешно продавате преку MarketKonekt и да добиете задоволни купувачи издвојуваме неколку сугестии:

Како добро да го претставите вашиот производ или услуга?

- Што подобро опишете го производот/услугата (користете јасни и недвосмислени информации во полињата Опис на производ и Останати информации во формата Додај производ)

- Поставете слики или видео презентација. Често многу подобро опишуваат од текстуален опис.

- Наведете цена на производ и цена на достава (неа може да ја претставите и како “од-до” во полето Останати информации) - за купувачите тие се дел од најважните фактори за одлука дали да купат.

- Известете ги купувачите за сите поволности на понудата (во полето Останати информации во формата Додај производ) - плаќање на рати, услови за враќање, гаранција, сервис, и др.

На кои начини може да продавате?

- Определете една или две опции за доставување на производот/услугата: го достававувате до неговиот дом/канцеларија (преку курирска служба или сопствена дистрибуција), и купувачот сам го превзема на вашето место на продажба (овозможена е само во комбинација со достава). Начините на достава самите ги определувате во формата Додај производ.

- Понудете им на купувачите еден или повеќе начини на плаќање: на место на продажба (во готово или на рати), во готово при испорака (на вашата служба за испорака или на курирската служба што самите ја избирате), и пред достава со уплата на ваша жиро-сметка.

Кои опции на достава и плаќање да ги понудите?

- Вашата понуда ќе биде попривлечна за купувачите ако им обезбедите што е можно полесно купување и поголем избор на опции за достава и плаќање.

- Крајните купувачи веројатно ќе преферираат достава “на врата” и плаќање при испорака. Посебно ако типот на производ им е познат (веќе подолго постои на пазарот) и не е со висока цена.

- Шансите за продажба се многу поголеми ако нудите бесплатна достава до едно или повеќе места каде што се лоцирани купувачите.

- Конкретната достава/плаќање зависат и од потребите и можностите на вашиот бизнис, карактеристиките на вашите производи/услуги, и типот на купувач.

- Со нудење на достава на производот добивате можност за заштита на MarketKonekt - рефундирање на трошоци за курирска служба ако купувачот не го превземе производот (повеќе за заштитата прочитајте тука)

Како да ги доставувате производите до купувачите?

- Една можност е да доставувате со сопствена служба за испорака/диструбуција.

- Втората можност е да користите услуги на некоја од курирските служби во земјата. Тие вршат достава на производи низ целата територија на Македонија, а самите ја избирате онаа што најмногу ви одговара

- Условите и цените на куриските служби варираат, најмногу во зависност од растојанитето на достава и големина/тежина на пратка. Ценовници може да прегледате тука.

Како да ја извршите продажбата?

- Редовно следете ги известувањата што ги добивате од MarketKonekt на вашиот e-mail: системот е целосно автоматизиран (веднаш ги препраќа нарачките и прашањата од купувачите) и содржи едноставни упатства за целиот процес.

- Веднаш одговорете на нарачки или прашања од купувачите бидејќи тие тоа го очекуваат (потврдете дека ја прифаќате нарачката на производот во рок од 3 работни часа; во спротивно нарачката автоматски ќе биде одбиена).

- Комуницирајте со купувачите преку пораки на MarketKonekt (секој од нив претходно е регистриран како корисник, со наведени контакт информации).

- Испраќајте го производот за доставување само по договор со купувачот (нивна потврда за прифатена достава “на врата” или превземање на производот во вашата продавница ќе ви биде пратена како известување од MarketKonekt).

- Испраќајте го производот на име и адреса на купувачот што ги добивате од MarketKonekt (претходно се валидирани преку систем на регистрација, заедно со број на мобилен телефон за контакт при доставувањето)

- Ако производот е кршлив или со многу голема вредност обезбедете адекватно пакување за транспорт или понудете само опција за лично превземање на продажно место.

Како да контактирате со купувачите?

- Одговорете на секое прашање од секој заинтересиран купувач - детално, прецизно и брзо. Тоа е во ваш интерес, бидејќи сите што се интересираат за вашата понуда се ваши потенцијални купувачи

- Редовно одговарајте на евентуални забелешки, и обидете се максимално да им излезете во пресрет ако имаат било какви поплаки. Од тоа зависи како купувачите ги оценуваат вашите производи, а позитивните оцени придонесуваат за идни продажби.

- Веднаш известете ги за било какви промени во договорените услови за купување. На пр. доколку испораката ќе биде пролонгирана поради некоја причина.

- Прашајте ги купувачите дали се задоволни со производот/услугата по завршување на продажбата. На тој начин создавате доверба со што ги зголемувате шансите повторно да купуваат од вас.

- Замолете ги купувачите да ги оценат вашите производи. Оценките ги следат сите корисници на MarketKonekt и ако се позитивни многу ги зголемуваат изгледите да ја изберат вашата понуда.

- Контактирајте преку e-mail системот на MarketKonekt - контакт информациите се точни и проверени (преку постапка на регистрација) а коресподенцијата е заштитена (секогаш имате пристап до неа преку опцијата Мои пораки).

Колку чинат услугите на MarketKonekt?

- Базичните услуги не ве чинат ништо. Доволно е само да се регистрирате и да ги искористите бенефитите од бесплатно членство. Може да објавите до 10 производи за продажба, да одговарате на прашања и барања за понуди од купувачите, и да го користите сајтот кога купувате за ваши или потреби на вашиот бизнис.

- Премиум членството на MarketKonekt се наплаќа. Со него добивате приоритет на вашите производи/услуги пред сите други - имаат централни позиции на веб сајтот, и купувачите ги следат како прв резултат од пребарување по тип на производ/услуга што им треба. Допололнително, во зависност од типот на членство може да објавите повеќе, односно неограничен број на производи/услуги за продажба. За повеќе информации за премиум членство кликнете тука.

- MarketKonekt наплаќа провизија од вредноста на производот/услугата само по успешно завршена продажба на вашиот производ/услуга.

Каква заштита добивате од MarketKonekt?

- MarketKonekt ве заштитува кога продавате со достава на производот до домот/канцеларијата на купувачот, а притоа користите препорачана курирска служба.

- Ако купувачот не го превземе производот по негова вина (на пр. не е во домот во договорен термин за испорака) трошоците за куриската служба што сте ја ангажирале ќе ви бидат вратени. За да ја искористите оваа заштита треба да не контактирате и да ни доставите документација од курирот. Трошоците за достава не се рефундираат во останатите случаи (на пр. производот е оштетен при транспорт, доставата доцни, или е испорачан производ што не одговара на нарачката на купувачот).

- Подетално објаснување на системот на заштита на MarketKonekt погледајте тука.

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка