00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Како да купувате преку MarketKonket?

На MarketKonekt над 3.000 домашни и фирми од регионот продаваат повеќе од 60.000 производи. Најдете го оној што токму вам ви треба!

Заштедете време и пари. Купувајте лесно, брзо, удобно и сигурно.

 

 РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ

Изберете од повеќе понуди и заштедете време и пари!

Контактирајте ги продавачите и побарајте им понуда за производ што ви треба. Следите промени на понудите за производи што ве интересираат.

Сето тоа е бесплатно. Треба само да се регистрирате.

1. Опцијата регистрација е на почетната страна на сајтот- води до регистрација на компанија или потрошувач (физичко лице).

2. Формата за регистрација е едноставна и брзо се пополнува. За помош при регистрација на компанија погледнете го ова видео упатство. За помошт при регистрација на купувач / потрошувач погледнете го ова видео упатство.

3. Бенефитите од бесплатното членство ги користите само ако се најавите како член при користење на сајтот.

4. Може да се регистрирате/најавите и преку Facebook и Google. Може и да се регистрирате како гостин, па потоа да го комплетирате својот профил со своите податоци.

 

 

 ПОБАРАЈТЕ ГО ПРОИЗВОДОТ/УСЛУГАТА ШТО ВИ ТРЕБА

Пронајдете го идеалниот производ кога купувате за вас или за вашата фирма!

Најдете го потребниот производ/услуга со пребарување, во категорија на која припаѓа, или во посебните секции (сезонски или производи на попуст). 

Дознајте ги сите детали и направете го најдобриот избор.

1. Побарајте, дознајте цена и карактеристики и споредете со слични понуди.

2. За сите прашања контактирајте ја компанијата-продавач, директно со задолжено лице за продажба.

3. Следете промени кај производите што ве интересираат преку опција што следам (добивате пораки во вашиот Inbox на сајтот, или нотификации на личен e-mail).

 

 

 КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ПРОДАВАЧОТ ЗА СИТЕ ПРАШАЊА

Добијте ги сите информации како да купите - брзо и едноставно!

Имате уште прашања за производот: дополнителни карактеристики, сервис и гаранција, или можен попуст?
За сите детали обратете му се директно на продавачот.

 

 

 

1. Прегледајте ги деловите Опис на производот и Останати информации заедно со цена на производот и информации за достава - веројатно ќе ви дадат одговор на можните прашања:

- Во Опис на производот може да ги видите неговите основни карактеристики.

-  Делот Останати информации содржи детали за понудата како што се начини на достава, можни попусти (на пр. за нарачка на поголема количина), гаранција, опции за враќање, сервисирање, итн.

2. Изберете ја опцијата Контактирај го продавачот за евентуални дополнителни прашања

 

 НАРАЧАЈТЕ ГО ПРОИЗВОДОТ ШТО ВИ ОДГОВАРА

Самите изберете како да платите и да го добите производот, и нарачајте го од продавачот-едноставно, и во секое време!

1. Наведете количина на производот.

2. Изберете еден од начините на достава:

- До врата -  до вашиот дом/канцеларија (без разлика дали плаќањето во готово при достава или со картичка директно на сајтот)

- Преземање на продажно место -  во продавница на продавачот (правите резервација за производот, а потоа одете во продавницата).

3. Изберете една од опциите за плаќање:

- Со картичка - ја плаќате нарачката директно на сајтот пред доставата на нарачката. 

- Вирмански (пред достава) - на жиро-сметка на продавачот (информации за плаќањето ќе добиете на e-mail) или со картичка директно преку сајтот.

- Во готово (при достава) на курирска или дистрибутивна служба на продавачот. Ја плаќате цената на производот т.е. нарачката и цената за доставата. Доколку на производот е назначена бесплатна достава (зелено камионче), ја плаќате цената само на производот.

- На место на продажба - продавница на продавачот.

4. Комплетирајте ја нарачката со вашите податоци (име, адреса, град, телефон, и забелешка за нарачката).   

 

 

Важно е да знаете:

- Со клик на опцијата Направи нарачка нарачката веднаш се препраќа до продавачот. Ако сте избрале „преземање на продажно место“ со ова правите резервација на производот во рок од 2 работни дена. Ќе ви бидат побарани контакт информации и валидирање на бројот на вашиот мобилен телефон за контакт при превземање на производот.

- Во рок од 3 работни часа ќе добиете e-mail известување дека нарачката е прифатена или одбиена. Во известувањето, ако сте избрале да платите вирмански (пред достава), добивате пополнет вирман во кој се содржат детали за купувањето (име на продавачот, рок за достава на производот, износ што треба да го платите за производот и цена на доставата, жиро-сметка на продавачот,...). За да продолжите со купувањето треба да му одговорите на продавачот во рок од 24 часа - со едноставен клик на Потврди на добиеното известување се обврзувате дека ќе купите.

Погледнете повеќе совети за купување на MarkeKonekt тука.

 

 КОНТАКТИРАЈТЕ ЗА СÉ ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО И ОЦЕНЕТЕ ГО ПРОДАВАЧОТ

Со нас купувате безгрижно! Системот на купување е сигурен а добивате и доплнителна заштита.

1. Следете го купувањето на вашиот e-mail, платете и добијте го купениот производ.

2. По потреба контактирајте со продавачот  или со нас за сѐ околу купувањето и доставата.

3. Потврдете дека продажбата е успешна и оценете го продавачот- пренесете го искуството на другите купувачи

 

Важно е да знате:

- Ако се појават било какви пречки или проблеми при продажбата директно контактирајте го продавачот - посебно ако доставата доцни, ако добиениот се разликува од нарачаниот производ, или ако барате замена.

- Ако нарачаниот производ сте го платиле, а воопшто не ви е доставен и по контактите со продавачот обратете се до нас. MarketKonekt ви обезбедува рефундирање на платениот износ до одредена вредност кога купувате преку опцијата со достава на врата (за повеќе детали околу оваа заштита кликнете тука).

- За да потврдите дека продажбата е успешна и да го оцените производот, напишете коментар и оцена по нашето e-mail известување. Вашата оценка на производот е знак за доверба во продавачот - со неа им помагате на останатите купувачи да одлучат дали да го купат производот или не.

Погледнете повеќе совети за купување на MarkeKonekt тука.

 

 ПОБАРАЈТЕ И ПОНУДИ ОД ПРОДАВАЧИТЕ

Добијте понуди од повеќе фирми истовремено! Не го најдовте тоа што ви треба? Тогаш упатете барање за понуда до продавачите на слични производи/услуги и добијте понуди што одговараат на вашите потреби. Понуди може да побарате и од компаниите надвор од Македонија.

1. Регистирајте се/најавете се и објавете барање за понуда до повеќе компании одеднаш.

2. Следете ги понудите преку вашиот Inbox на сајтот или на персонален e-mail.



 

 

 

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка