00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Заштита на продавачи

Како овластена компанија за достава на пратки, MarketKonekt ја препорачува:

МАКЕДОНСКА ПОШТА А.Д. Скопје

 

MarketKonekt ве заштитува кога продавате:

 

1. MarketKonekt ви ги рефундира трошоците за проблематична достава “на врата” по вина на купувачот, ако купувачот не е присутен на договорената адреса и не одговара на телефонските повици.

2. За да побарате рефундирање на трошоците за достава потребно е:

  - Да се обидете да стапите во контакт со купувачот за да ја решите настанатата ситуација (при нарачката го добивате неговиот/нејзиниот проверен мобилен телефонски број).

  - Да се обратите со е-меил порака до тимот на MarketKonket и да доставите број на трансакција, потврда за вратена пратка од овластена компанија за поштенски услуги и опис на проблемот кој настанал.

  - Правото на надомест продавачот ќе го оствари со достава на доказ до MarketKonekt за платена поштарина спрема овластена компанија за поштенски услуги и целокупната комуникација околу продажбата помеѓу продавачот и купувачот да се одвивала преку системот на MarketKonekt.

  - Тимот на MarketKonekt ќе се обиде да го контактира купувачот и да најде најдобро решение за проблемот.

  - Максимално време за рефундирање на трошоците е 20 дена од кога сте се обратиле до MarketKonekt.

 

Што е важно за успешно продавање?

 

1. Пренесете детални информации за вашиот производ до потенцијалните купувачи. Поставете фотографии и детално опишете го производот, без двосмислени податоци. Наведете точна цена и не заборавајте да наведете можност за достава “на врата”, посебно ако ја нудите бесплатно.

2. Ако нудите бесплатна достава, вашиот производ е многу поконкурентен од останатите. Бесплатната достава јасно се назначува на објавениот производ и многу го зголемува интересот кај купувачите - понудете ја барем за одредени локации.

3. Исполнете го предвидениот рок за одговор на нарачките од купувачите - прифатете ја нарачката и одговорете со автоматизирана порака во рок од 3 работни часа (во спротивно ќе се смета дека ја одбивате нарачката).

4. Почитувајте го предвидениот рок од 2 работни дена за достава на производите - доставете ги до нивните адреси кога купувачите избираат опција достава “на врата”, или резервирајте ги ако избрале достава на ваше продажно место.

5. Ако поради некоја причина доцните со доставата веднаш известете ги купувачот и MarketKonekt.

6. Одговарајте на сите прашања на заинтересираните купувачи.

7. Обидете се да одговорите на сите нивни забелешки и поплаки на добар и фер начин.

8. Контактирајте со купувачите исклучиво преку MarketKonekt - сите нивни конктакт информации се точни, а пораките се чуваат на сајтот. Ако ја договарате самата продажба вон MarketKonekt ја намалувате довербата кај купувачите.

 

Повеќе совети и детали околу начинот на продажба погледнете на овој линк.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка