Како да продавате преку MarketKonket?
Секој ден околу 8.000 потенцијални купувачи го посетуваат MarketKonekt за да го најдат производот што им треба. Можеби тоа е токму вашиот - не пропуштајте можност да го продадете!
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ
Обезбедете повеќе купувачи и намалете трошоци за продажба! Понудете до 10 производи/услуги бесплатно. Или изберете премиум членства за целосно да го претставите вашиот бизнис и да ги истакнете производите од конкуренцијата. Директно поврзете се со купувачите - контактирајте и следете барања за понуди. |
1. Опцијата регистрација е на почетната страна на сајтот - води до регистрација на компанија. 2. Со информациите за регистрација се претставувате пред купувачите - преку нив дознаваат повеќе за вашата фирма и можат да ве контактираат. За помош погледнете го ова видео упатство. 3. Членството го користите само ако се најавите на сајтот - по најавата објавувате производи и контактирате со купувачите.
|
ОБЈАВЕТЕ ПРОИЗВОД/УСЛУГА ЗА ПРОДАЖБА
Продавај истовремено во Македонија, Србија, Бугарија и Албанија! А наскоро и во останатите балкански земји... Со објавување, вашите производи или услуги се достапни за секој купувач - корисник на сајтот. Можат да ги најдат со пребарување, во соодветна категорија или во посебни секции (сезонски или производи на попуст). |
1. Регистирајте/најавете се и изберете опција додај производ од секцијата мои производи на почетна страна на сајтот. 2. Целосно пополнете ја формата за додавање производ, и детално информирајте ги купувачите за вашата понуда (опис, карактеристики и цена на производот). За помош погледнете го ова видео упатство. 3. Со опцијата уреди производ ги прегледувате информациите и корегирате евентуални грешки - ако се е во ред означете го полето активен и кликнете зачувај.
|
КОНТАКТИРАЈТЕ ДИРЕКТНО СО КУПУВАЧИТЕ
Поврзете се директно со купувачите - компании и крајни потрошувачи! Контактирајте во секое време и на секое место - следете прашања за вашиот производ, пренесете дополнителни информации, и објаснете ги деталите што ги интересираат. Понудете ги и вашите производи кога објавуваат барања за понуди. |
1. Најавете се и следете барања за понуди од потенцијални купувачи преку опцијата Мои пораки, и одговорете со ваша понуда. 2. Одговорете на прашања од купувачите за вашиот производ на персонален e-mail и Chat. 3. По потреба променете ги деталите за понудениот производ во секое време (пр. цена, слика, опис, и сл.). Изберете го производот од опцијата Мои производи, направете ја промената и кликнете “зачувај”. |
ОДГОВОРЕТЕ НА НАРАЧКИ ОД КУПУВАЧИТЕ И ДОСТАВЕТЕ ИМ ГО ПРОИЗВОДОТ
Обезбедете нов начин на продажба и повеќе купувачи! Добијте директни нарачки на вашите производи. Обезбедете повеќе можности за купувачите да го платат и добијат производот. Имајте подобра понуда - испорачајте ги производите до домовите или канцелариите на купувачите со бесплатна достава! |
1. Следете нарачки и одговорете на прашања на заинтересирание купувачи 2. Потврдете ги условите на продажба на нарачаниот производ- одговорете на добиените нарачки во следните 3 работни часа 3. Добијте потврден одговор од купувачот дека ги прифаќе условите на продажба 4. Продајте го производот според договорениот начин на плаќање и достава- доставете му го производот на купувачот во рок од 2 работни дена 5. Контактирајте со купувачите при продажбата |
Важно е да знаете:
1.Прашањата и нарачките на вашиот производ автоматски веднаш ќе ви ги препратиме на вашиот e-mail:
- Купувачите можеби ќе имаат дополнителни прашања за производот - во ваш интерес е брзо и прецизно да одговорите бидејќи така го зголемувате нивниот интерес и подготвеност да купат.
- Во нарачките купувачите ќе наведат количина на производот, и избрани начини наплаќање и достава (од оние што вие сте ги понудиле).
2. Потврдете дека производот го имате на залиха:
- Во спротивно веднаш известете го купувачот за да не ве исклучи за идни купувања и да не ве оцени негативно. Ако често ги одбивате нарачките, во период од 1 месец ќе ви биде оневозможено да продавате преку MarketKonekt.
- По потреба променете ја понудата, но само ако им обезбедувате бенефит на купувачите (на пр. попуст за прво купување или за поголема нарачана количина). Не заборавајте да наведете цена на достава на производот до локација на купувачот, ако доставата е избрана во нарачката. Бесплатната достава е многу важна за купувачите - затоа ја наведувате уште кога го објавувате производот и јасно е назначена на MarketKonekt.
- Постапката е едноставна - доволно е само да одоворите на нарачката од купувачот со автоматизиран e-mail во рок од 3 работни часа. Ние веднаш ќе го известиме купувачот дека сте ја прифатиле или одбиле нарачката. Без ваша потврда во овој рок нарачката ќе се смета за одбиена.
3. Откако купувачот го добил вашето известување дека сте ја потврдиле нарачката:
- Ако нудите бесплатна достава од купувачот не се бара финална потврда, бидејќи го нарачал производот и ќе го добие по објавената цена (нема додатни трошоци за достава). Го пакувате производот и ја започнувате доставата.
- Ако сте дале цена аа достава купувачот може да ја потврди или одбие нарачката. Потврдената или одбиената нарачка ја добивате на ваш e-mail, и тоа во рок од 24 часа. Ако ја потврдил нарачката го пакувате производот и ја започнувате доставата.
- Ако избрал плаќање и превземање на ваше продажно место нарачката се смета за потврдена. Го резервирате производот следните 2 работни дена кога купувачот треба да го превземе. Резервацијата ви ја потврдува со број или копија на нарачката (зачувана на мобилен телефон или испечатена).
4. Самата продажба на производот следи кога сте ја добиле финалната потврда од купувачот, посебно ако нудите и достава на производот:
- Доставата може самите да ја организирате или да користите курирски служби (повеќе информации за нив најдете тука).
- Не го испраќајте производот пред да добиете e-mail потврда дека купувачот се согласува да го добие на неговата адреса, и да го плати вкупниот износ (производ и достава). MarketKonekt ви обезбедува заштита со рефундирање на трошоците за достава, но само ако целата комуникација со купувачот се одвивала преку системот на MarketKonekt. Повеќе за заштитата прочитајте тука.
- Контактирајте со купувачите преку сајтот и во случај кога нудите преземање на производот во вашата продавница - така сте посигурни дека нарачаниот производ ќе биде купен, и дека ќе добиете позитивна оцена за вашатауслуга. Преку сајтот оценaта се објавува за сите ваши производи до сите идни потенцијални купувачи, што ви ги зголемува шансите за идна продажба.
5. Во текот на продажбата можни се дополнителни прашања, барања или приговори на купувачите.
- Во ваш интерес е на сите да одговорите на најдобар можен начин - така ќе добиете задоволни купувачи и високи оцени на вашите услуги. Со тоа ја зголемувате веројатноста дека тие повторно ќе купат од вас, и дека ќе привлечете нови.
- Статусот на секоја продажба преку MarketKonekt лесного следите преку Мои пораки: што, кога и кому сте продале, и сите пораки што сте ги размениле со купувачите.
- Откако успешно сте го продале производот преку нас ќе ви пресметаме провизија за нашата услуга. Повеќе детали за провизијата може да добиете тука.
Погледнете уште совети за успешно продавање преку MarkeKonekt тука.