00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Правилник за користење на поштенски услуги ЕМС

Правилник за користење на поштенски услуги од АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта“ во државна сопственост  –  Скопје, ЕМС Брза Пошта за направени нарачки преку онлајн маркетот MarketKonekt.com

 

1. Телефонски броеви за најава на пратки:

- 02 150 00;  070 200707

2. Рок за најава на пратки за преземање од:

- Скопје (Понеделник-Сабота) : 07:00 - 19:00 часот

- Македонија (Понеделник-Сабота) : 07:00 - 15:30 часот

3. Ценовник

Тежина и волумен

Испорака Скопје/Скопје

Испорака Скопје/Македонија нареден ден

до 500 гр.

110 ден.

114 ден.

над 500 гр.  до  1кг..

120 ден.

120 ден.

над 1 кг.  до 3 кг.

130 ден.

126 ден.

над 3 кг. до   5 кг.

140 ден.

132 ден.

над 5 кг. до 10 кг.

200 ден.

168 ден.

над 10 кг. до 20 кг.

220 ден.

180 ден.

над 20 кг. до 30 кг.

260 ден.

210 ден.

Враќање на непреземена пратка

52,50 ден. 

Ракување со пратка со откупнина

16 ден.

Поштенска упатница

6 ден.

Враќање на откуп со поштенска упатница

30 ден. (за откуп до 1.000 ден.)

1,5% од откупот (за откуп над 1.001 ден.)

За испорака на пратки со тежина над 30 кг. контактирајте ја Службата за ЕМС пратки на следниов тел. број 150 00 и 02 2401679.

4. Рок за преземање на пратки

- 1-2 часа од најавата за преземање на пратка

    Доколку најавата е направена по термините дадени во точка 2, како ден за најава се смета наредниот работен ден.

5. Рок за достава на пратка

- 24 часа (нареден ден) од преземањето на пратката

6. Превземањето на пратката се врши со адресница во која Продавачот ги внесува следните податоци:

- називот, целосната адреса и контакт телефонски број на продавачот; Продавачот е должен на адресницата во полето ’Забелешка’ да пополни дека пратката е нарачана преку MarketKonekt.com.

- име и презиме на купувачот (примач на пратката); целосната адреса на купувачот, поштенски број и име на местото и контакт телефонски број.

По пополнувањето на адресницата, курирот наведува тежина и волумен на пратката,  датумот и часот на превземање.

Откако адресницата ке биде целосно пополнета еден примерок останува кај продавачот како доказ дека пратката ја предал на ЕМС.

7. Дополнителни услуги

- Пратка со откупнина – Рок за враќање на откупнината кај Продавачот е 3-5  дена од достава на пратката. Во овој рок не се пресметани неработни денови и празници.

- Враќање на пратка – Доколку пратката не се достави до купувачот при првиот обид за достава, ЕМС ке остави известување за пристигната пратка на дадената адреса и ке направи уште еден обид за достава којшто е вклучен во цената за достава. Доколку и вториот обид е неуспешен, ЕМС ке ја врати пратката кај Продавачот  , а Продавачот се согласува да ја плати поштарината за враќање на ЕМС  пратката

8. Пакување на пратка

Продавачот е должен да ја спакува пратката според видот, големината, содржината и обликот на пратката и соодветно да ја означи доколку се работи за кршлива или специфична пратка. Доколку истата не е соодветно спакувана трошоците кои би произлегле по основ оштетена пратка ке бидат на страна на продавачот/испракачот.

9. Рекламации

Доколку Продавачот смета дека пратката не е доставена до примачот или е доставена со задоцнување, може да поднесе писмен приговор/рекламација до одговорно лице за рекламации кај ЕМС на тел. 02 2401856.

Продавачот треба да ги достави сите докази врз основа на кои ја поднесува рекламацијата.

10. Контакт лица за склучување на договори за соработка со АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта“ во државна сопственост  –  Скопје ЕМС Брза Пошта

- Дарко Матески, тел. 02 3105122 и 070200528, e-mail: darko.mateski@posta.com.mk

- Соња Фотева, тел. 02 3105112 и 070200643, e-mail: sonja.foteva@posta.com.mk

11.  Работно време на ЕМS

- Понеделник-Сабота 07:00 – 19:00 час

 

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка