Fleetguard ES Compleat антифриз за камиони, автобуси, рударски и градежни машини
Мак дизел нуди бесплатна промена на антифриз.
Fleetguard ES Compleat - целосно формулирана разладна течност/антифриз со продолжен работен век за сите бензиски и дизел мотори во: камиони, автобуси, рударски и градежни машини.
Fleetguard антифризот содржи дополнителни хемиски додатоци и органски ихибритори кои овозможуваат заштита од корозија, кавитација на хилзни и спречуваат создавње на наслаги од бигор.
Fleetguard ES Compleat ги задоволува и/или надминува спецификациите на најголем дел од големите производители на опрема (ОЕМ's): ASTM D-6210 (EG) ; ASTM-6211 (PG) ;
Cummins® SB 3666132 ; Cummins® CES 14603 ;
TMC RP-338 Extended Life ; TMC RP-329 (EG) ;THC RP-330 (PG);ASTM D-4985 (EG) ;D-5216 (PG);CID-A-A-52624;Waukesha® 4-1974D ;GM6038M ; Caterpillar® ;Detroit Diesel® 7SE298 ;John Deere® 8650-5 ;Case New Holland® ;Navistar® ;Freightliner® 48-22880 ;Volvo® ;PACCAR® ;MACK® 014617004
Ладилници за транспорт на храна
Вршиме изработка на возила за пренос на секаков вид на храна. Температурниот работен опсег на возилата е диктиран од страна на тоа какви видови на продукти т.е. храна се носи, од 4 °C до -20 °C. Возилата се изработуваат најчесто од полиестерски ѕидови, а доколку подот може да биде од различен материјал, односно од материјал кој вие ќе си изберете да биде. Подот може да се изработи од алуминумски плочи 2 до 3mm, од полиестерски плочи со различни дебелини и исто така гумиран под со или без песок. Изолацијата на комбињата е од стиродур кој е со коефициент на премин на топлина k=0.032 W/m2K. Исто така изработуваме возила со ченгели за носење на месо. Кај возилата за сладолед, смрзната храна и продукти кои е потребна температура под нулата, има можност за поставување на втора врата во со што се намалува преминот на топлина, односно се постигнува побрзо потребна температура во работниот простор. Ладилниот систем е од Италјанската фирма Webasto Diavia која е една од водечките на пазарот за климатизација во автомобилите и товарните возила. Возилата се атестирани.
CONTITECH - ребрасти и линиски ремени, сет ребрасти ремени за автомобили
ContiTech како најзначаен дел од германската корпорација Continental е водечки произведувач на погонски ремени за прво вградување. Со производството на ремени со примена на најсовремена технологија и остварувањето на продажба во висина од 3,7 милијарди евра, ContiTech е еден од најпризнатите произведувачи на оригинални делови во автомобилската индустрија. Во согласност со мотото на компанијата “Оригиналниот квалитет е најдобра замена“, ContiTech е еден од водечките производители на ребрасти и линиски ремени кои се користат во прво вградување. Согласно трендовите на движење во автомобилската индустрија за намалување на потрошувачката на гориво и намалувањето на емисиите на штетните издувни гасови, ContiTech постигна значителни резултати, нудејќи високо технолошки и иновативни решенија. Нашата понуда опфаќа: сетови за ребрасти, ребрасти ремени, линиски ремени, клинести ремени.