Ладилници за транспорт на храна
Вршиме изработка на возила за пренос на секаков вид на храна. Температурниот работен опсег на возилата е диктиран од страна на тоа какви видови на продукти т.е. храна се носи, од 4 °C до -20 °C. Возилата се изработуваат најчесто од полиестерски ѕидови, а доколку подот може да биде од различен материјал, односно од материјал кој вие ќе си изберете да биде. Подот може да се изработи од алуминумски плочи 2 до 3mm, од полиестерски плочи со различни дебелини и исто така гумиран под со или без песок. Изолацијата на комбињата е од стиродур кој е со коефициент на премин на топлина k=0.032 W/m2K. Исто така изработуваме возила со ченгели за носење на месо. Кај возилата за сладолед, смрзната храна и продукти кои е потребна температура под нулата, има можност за поставување на втора врата во со што се намалува преминот на топлина, односно се постигнува побрзо потребна температура во работниот простор. Ладилниот систем е од Италјанската фирма Webasto Diavia која е една од водечките на пазарот за климатизација во автомобилите и товарните возила. Возилата се атестирани.
Сијалички за автомобили и лесни доставни возила 12V WURTH
Сијалички за главни светла, Сијалички за инструмент табла, Предни покажувачи на правец, Странични покажувачи на правец, Внатрешно осветлување, Сијалички за сопирачки, Сијалички за сопирачки/трепкачи, Сијалички за позиција, Задни сигнални сијалички, Сијалички за таблици, Сијалички за рикверц, Сијалички за магла.
CONTITECH - ребрасти и линиски ремени, сет ребрасти ремени за автомобили
ContiTech како најзначаен дел од германската корпорација Continental е водечки произведувач на погонски ремени за прво вградување. Со производството на ремени со примена на најсовремена технологија и остварувањето на продажба во висина од 3,7 милијарди евра, ContiTech е еден од најпризнатите произведувачи на оригинални делови во автомобилската индустрија. Во согласност со мотото на компанијата “Оригиналниот квалитет е најдобра замена“, ContiTech е еден од водечките производители на ребрасти и линиски ремени кои се користат во прво вградување. Согласно трендовите на движење во автомобилската индустрија за намалување на потрошувачката на гориво и намалувањето на емисиите на штетните издувни гасови, ContiTech постигна значителни резултати, нудејќи високо технолошки и иновативни решенија. Нашата понуда опфаќа: сетови за ребрасти, ребрасти ремени, линиски ремени, клинести ремени.