Антифриз 40 3 литри
Високо квалитетен автомобилски антифриз од сопствено производство,присутен на пазарот веќе 20 години. Достапен во пакување од 1,3,5,10 и 200 литри.
Ладилници за транспорт на храна
Вршиме изработка на возила за пренос на секаков вид на храна. Температурниот работен опсег на возилата е диктиран од страна на тоа какви видови на продукти т.е. храна се носи, од 4 °C до -20 °C. Возилата се изработуваат најчесто од полиестерски ѕидови, а доколку подот може да биде од различен материјал, односно од материјал кој вие ќе си изберете да биде. Подот може да се изработи од алуминумски плочи 2 до 3mm, од полиестерски плочи со различни дебелини и исто така гумиран под со или без песок. Изолацијата на комбињата е од стиродур кој е со коефициент на премин на топлина k=0.032 W/m2K. Исто така изработуваме возила со ченгели за носење на месо. Кај возилата за сладолед, смрзната храна и продукти кои е потребна температура под нулата, има можност за поставување на втора врата во со што се намалува преминот на топлина, односно се постигнува побрзо потребна температура во работниот простор. Ладилниот систем е од Италјанската фирма Webasto Diavia која е една од водечките на пазарот за климатизација во автомобилите и товарните возила. Возилата се атестирани.