Сијалички за автомобили и лесни доставни возила 12V WURTH
Сијалички за главни светла, Сијалички за инструмент табла, Предни покажувачи на правец, Странични покажувачи на правец, Внатрешно осветлување, Сијалички за сопирачки, Сијалички за сопирачки/трепкачи, Сијалички за позиција, Задни сигнални сијалички, Сијалички за таблици, Сијалички за рикверц, Сијалички за магла.
Ладилници за транспорт на храна
Вршиме изработка на возила за пренос на секаков вид на храна. Температурниот работен опсег на возилата е диктиран од страна на тоа какви видови на продукти т.е. храна се носи, од 4 °C до -20 °C. Возилата се изработуваат најчесто од полиестерски ѕидови, а доколку подот може да биде од различен материјал, односно од материјал кој вие ќе си изберете да биде. Подот може да се изработи од алуминумски плочи 2 до 3mm, од полиестерски плочи со различни дебелини и исто така гумиран под со или без песок. Изолацијата на комбињата е од стиродур кој е со коефициент на премин на топлина k=0.032 W/m2K. Исто така изработуваме возила со ченгели за носење на месо. Кај возилата за сладолед, смрзната храна и продукти кои е потребна температура под нулата, има можност за поставување на втора врата во со што се намалува преминот на топлина, односно се постигнува побрзо потребна температура во работниот простор. Ладилниот систем е од Италјанската фирма Webasto Diavia која е една од водечките на пазарот за климатизација во автомобилите и товарните возила. Возилата се атестирани.