00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Дезинсекција

Дезинсекција

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Дезинсекција преставува збир на мерки и постапки кои се преземаат за сузбивање на инсектите. Инсектите имаат значајно место во ширењето на заразните болести. Некој од нив преставуваат вектори (живи преносители) на заразни болести. Други можат по механички пат преку контаминација на храната да ги пренесат заразните болести. Во борба против инсектите постојат две основни мерки: 1. Спречување на инсектите да влегуваат во просториите и нивно размножување и раселување во други простории. 2. Сузбивање на инсектите со примена на хемиски и други средства. Во зависност од превземените мерки Дезинсекцијат може да биде: - Механичка - Физичка - Хемиска При Механичка Дезинсекција се користат заштитни мрежи на вратите и прозорците, користење на заштитана облека и др.Правилно одстранување на одпадните материи, чистење на просториите се исто така механички мерки. Физички мерки се користат најмногу со примена на топлина (сува и влажна). Хемиска Дезинсекција е уништување на инсекти со помош на хемиски супстанци. Има голем број на хемиски средствакој се користат во борба против инсектите и се нарекуваат ИНСЕКТИЦИДИ. Инсектицидите можат да бидат во цврста, течна или гасовита состојба. Во зависност од нивното делување врз инсектите се делат на три групи: - Цревни - Респираторни - Контактни Инсектицидите кој се внесуваат преку контаминирана храна се во групата на цревни инсектициди. Инсектицидот кој се внесува преку дишните органи на инсектите се во групата на Респираторни инсектициди Инсектицидот кој се внесува со контакт на инсектите преку нивната кожа се во групата на контактни инсектциди. Инсектицидите по потекло се делат на: - Растителни - Синтетички Во примената денес се по застапени синтетичките инсектициди. Треба да се напомне дека денес е се поприсутен проблемот со резистентноста која инсектите ја покажуваат према инсектицидите, како резултат на подолго користење на исти препарат. За да биде Дезинсекцијата успешна треба да се одбере оптимален начин и средство за дезинсекција, потребна е да се познава биологијата и однесувањето на инсектите.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Старс
  • профил на компанијата

    Старс

    • Опис на компанијата:Друштвото СТАРС ДООЕЛ е формирано во Скопје во 1991 год и веќе долг низ на години успешно работи на овие простори. Служба за Дезинфекција, Дезинсекција и Дератизација која е во склоп на СТАРС ДООЕЛ ги исполнува сите законски регулативе за вршење на дејноста Дезинфекција, Дезинсекција и Дератизација за кој и има добиено РЕШЕНИЈА за работа од: - МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НА Р. МАКЕДОНИЈА и - МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО НА Р. МАКЕДОНИЈА. СТАРС ДООЕЛ се занимава со следниве услуги: - Дезинфекција - Дезинсекција - Дератизација - НАССР системот во делот на ДДД Службата располага со: - високо обучен кадар, - сопствен деловен просто, - сопствени возила и - модерна опрема за извршување на зададените услуги во делот на ДДД. Опсегот на нашата дејност е во севкупното опкружување: - Административни објекти - Државни објекти - Фабрики - Производствени објекти - Малопродажна мрежа - Приватни стамбени објекти и др. Најдобра препорака е ЗАДОВОЛНИОТ КЛИЕНТ Нашето мото е ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ
    • Име на контакт лице:Славчо
    • Адреса:Коста Кирков 20
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023298588
    • Факс #:023216735
    • Локација на мапа:Прикажи



    023298588

    корисничка поддршка