Стрес менаџмент и релаксација
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Сè што ни создава недостаток на нашето време и енергија продуцира стрес. Позитивните и негативните настани и очекувања во животот продуцираат стрес. Менаџерите имаат проблеми со стресот, особено ако немаат поддршка од менаџмент-тимот во претпријатието. Вработените очекуваат од директорот да знае што да прави во секоја ситуација, а директорот кој истовремено е и сопственик на претпријатието има вложено значителен капитал во бизнисот што дополнително врши притисок на неговите одлуки. Линијата помеѓу работата и личниот живот често е тенка, што резултира последиците од стресот да зависат од тоа што ни се случува дома и на работа. Семинарот ќе се фокусира на следните теми: - карактеристики на стресот и влијание на стресната реакција - стресот на работното место и во секојдневниот живот - личност и начини на реагирање во стресни ситуации - фрустрации и конфликти, реакции на конфликти - превенција, справување, третман и управување со стресот - вежби и техники на опуштање и релаксација
Категорија:Образование и обуки
Достапност:Контакт
Продавач:Космо Иновативен Центар
профил на компанијата
Космо Иновативен Центар
- Опис на компанијата:Претприемничките искуства на Софроние и најмладиот син Козмо стекнати за време на неколкугодишниот работен ангажман во металниот и енергетскиот сектор во САД во 1920-тите години резултираше со основање мала мелница за производство на брашно во Кичево, Македонија. Набрзо, малата работилница до крајот на 1930-тите години прерасна во мрежа од 4 современи мелници со рационален хидроенергетски погон, а компанијата стана регионален лидер во својата област. Променетите општествени услови наложија наследниците на Козмо своите претприемнички способности да ги реализираат преку техничко-енергетски консалтинг и научно-истражувачка работа во Канада и Македонија. Акумулираното семејно искуство и новото деловно опкружување во 1990-тите години придонесе за обновување на претприемничката традиција и инвестирање во развој на компанија за проектирање и консалтинг во производно-енергетските технологии. Компанијата ги прошири дејностите и прерасна во иновативен центар за правно-економски, финансиски и маркетинг outsourcing consulting и бизнис-инкубатор за мали и средни претпријатија.
- Адреса:бул.Јане Сандански 113
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:02/2448077
- Година на регистрација:1920
- Локација на мапа:Прикажи